Се потврдуваат тезите дека приватните разговори кои незаконски ги поседуваше Заев се раширени меѓу голем број лица од подземјето и дека на големо се тргува со нив што резултирало со бројни уцени изминатиов период.Како што дознава Press24 од извори во истрагата материјалите на УСБ-то кое беше пронајдено во вчерашната полициска акција се преснимени на меморискиот уред на почетокот на јануари и февруари, односно откако Захир Бекири Чауш веќе беше во затворот во идризово по првата акција за разбивање на „Фабриката за афери на СДСМ“
Извори од истрагата велат дека на УСБ стикот имало 1000 приватни разговори од јавни личности од општествениот живот, вклучувајќи и познати бизнисмени.Истите извори се сомневаат дека бандата на Чауш, кој според лично признание на Заев бил негов соработник, имала на располагање интимни разговори од огромен број граѓани кои биле потенцијален предмет на уцена. Дел од нив според неофицијалните полициски информации веќе биле цел на изнуда на криминалците но не сакале официјално да пријават во полиција од страв дека ќе бидат стигматизирани.
Овие разговори според изворите од истрагата се главно од граѓани од македонско етничко потекло, за разлика од разговорите пронајдени во хард дискот сошиен во душекот каде доминирале разговори на граѓани Албанци.Од истрагата велат дека по првичната анализа на хард дискот пронајдени се 70.000 разговори кои по се изгледа се идентични на оние кои беа пронајдени во компјутерот на Чауш, во фолдер СДСМ-Заев.Затоа од истрагата, претпоставуваат дека станува збор за „бек-ап“ на ти фајлови за кои уште тогаш беа објавени информации дека биле продавани на криминални структури од Косово и останатите земји од регионот.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во повеќе наврати тврдеше дека сите материјали кои ги поседувал му ги предал на Специјалното обвинителство, по што се поставува прашање, како неговиот соработник Чауш тргувал со незаконски снимки и преку својата криминална мрежа уценувал бизнисмени.Како што дознава Press24 од извори во истрагата материјалите на УСБ-то кое беше пронајдено во вчерашната полициска акција се преснимени н