Нови детали од крвавиот напад во Германија

Непознат маж попладнево со мачета нападна неколку луѓе во во градот Ројтлинген. Во нападот загина една жена, а повредени се двајца.Сведок на настанот за германски „Билд“ вели дека кога го здогледал напаѓачот како дивее, еден возач на БМВ дал гас и го прегазил.
-После тоа тој само лежеше и не се мрдна повеќе – изјавил тој.
Напаѓачот наводно е 21-годишен мигрант од Сирија, веќе познат на германската полиција.
Жената која настрада работела во донер-ќебапчилница.
На „Твитер“ веќе се појавија фотографии од целиот инцидент. Очевидците велат дека напаѓачот бил вон себе, напаѓал без да гледа каде удира, а се нафрлил и на полициската кола.
 Сведок на настанот за германски „Билд“ вели дека кога го здогледал напаѓачот како дивее, еден возач на БМВ дал гас и го прегазил.

Пронајдете не на следниве мрежи: