Пејачот Тони Цетински во ноември минатата година со својот автомобил налета на Ибрахим Кевљанин за кој вели дека веќе лежел на земја, а сега откри нови детали од несреќата.-Идев со осум на час, за жал на моите душмани и непријатели, веќе долго време живеам уреден живот, не бев ни дрогиран, ни пијан. Велам за нивна жал, а сега што ќе најдат…Човекот дефинитивно лежеше на патот. Најдобро е да е причека да биде службено и тогаш да можам да кажам дека душата ми е на место – рекол Тони Цетински за Ин Магазин.
Тој објаснил дека службено се уште не ги добил наодите од обдукцијата.
-Свесен сум и добро знам што се слуши и очекува дека тоа ќе биде онака како што треба, по правда. Сведок ми е Бог, затоа што полицијата дефинитвно не пријавила никаков прекршок- објаснил Тони.
Многумина му замерија што не бил на погребот на настраданиот.
-Не можев да соберам сила. Не можам. Воопшто не сум во Ровињ, ниту во Истра и не сум добро. Не сакам било кому да се случи ова што ми се случи на мене, па дури ни на оние кои инсинуираат грозни работи, рекол Тони.-Идев со осум на час, за жал на моите душмани и непријатели, веќе долго време живеам уреден живот, не бев ни дрогиран, ни пијан. Велам за нивна жал