НОВИ ДЕТАЛИ околу убиството на карикатуристите во Франција: Еден од убијците се предал, двајца се во бегство!

Еден од тројцата осомничени терористи што го извршија масакрот во редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли Хебдо“, 18-годишниот Хамид Мурад се предал на полицијата вчеравечер во полициската станица во гратчето Шарвил-Мезиерес на границата со Белгија.Полицијата потоа побара помош од јавноста во потрагата по останатите двајца осомничени браќата Шериф и Саид Куачи.
Полициски извори соопштиле дека еден од нив е идентификуван со помош на личната карта која ја оставил во автомобилот со кој избегале.
Браќата Куачи се од Париз, додека Мурад е од североисточниот град Рем. Мурад се предал откако видел дека неговото име кружи на социјалните мрежи, навел извор на „Франс прес“. Наводно тврдел дека е невин и дека за време на нападот бил во училиште.
Британските медиуми јавуваат дека наводно пријателите на младото момче потврдиле дека Хамид Мурад бил во училиште за време на терористичкиот напад.
Дванаесет лица, меѓу кои двајца полицајци и пет новинари, се убиени, а 11 се ранети во нападот што го изведоа тројца маскирани мажи во редакцијата на неделникот „Шарли Хебдо“ во Париз. Ова е најсмртоносниот напад на територијата на Франција.Полицијата потоа побара помош од јавноста во потрагата по останатите двајца осомничени браќата Шериф и Саид Куачи.
Полициски изво

Пронајдете не на следниве мрежи: