Акцијата на српската ВБА во содејство со останатите делови на безбедносниот систем на соседна Србија, со кој е прекинат ланец на шверц на огромна количина на сериозно пешадиско, формациско вооружување во Македонија е сериозен допринос кон стабилноста во Македонија, но и показател дека постојат сите потребни елементи за сериозен вооружен конфликт во Македонија, предупредуваат српските медиуми и експерти – пренесува „Блиц“.За драматичноста на ситуацијата, дополнително допринесува и фактот дека шверцот со оружјето било по организација на една од најголемите албански партии во Македонија, додава весникот.
Соговорникот за „Блиц“ за кој се тврди дека е од врвот на безбедносните служби на Србија, вели дека напнатоста со апсењето и ослободувањето на Харадинај како и случувањата во Македонија се причина повеќе за засилената активност на албанските екстремисти на југот на Србија. Токму поради запаливата реторика на политичарите, се додава во весникот, албанците од Косово и Албанија ги вооружуваат своите сонародници во Србија, но највеќе во Македонија. Ова не е прва акција за заплена на оружје од почетокот на случувањата во Македонија, изјавил соговорникот за „Блиц“ но по количината на запленето оружје е најголема досега.
Воениот аналитичар Александар Радиќ, за „Блиц“ ја поздравува акцијата на ВБА и додава дека состојбата во Македонија е од регионален карактер.
Од друга страна пак, аналитичарот Душан Јањиќ вели дека секоја акција од овој тип е добредојдена особено во делот кон Тетово, рута која е општопозната како шверцерска и се користи за илегално пренесување на оружје и дрога. Се работи за сериозен проблем, а Србија мора да се вклучи активно во разрешување.
– Теренот се подготвува за тероризам од најлоша врста со поддршка на политичките структури. Не мислам дека може да дојде до вооружен конфликт помеѓу државите бидејќи немаат потенцијал за тоа. Проблемот го прават етно-националистички и криминални групи во соработка со политичарите – додава Јањиќ.За драматичноста на ситуацијата, дополнително допринесува и фактот дека шверцот со оружјето било по организација на една од најголемите албански па