НОВИ ДЕТАЛИ за сообраќајката на Партизанска

Три лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која вчера вечерта се случи на булеварот „Партизански Одреди“ во близина на бензиската Окта.Од полицијата денес информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Јагуар“ управуван од Б.М. (21) од скопско Сарај, „Ауди А3“ управувано од 39 годишната В.С. од Скопје и „Ауди А1“ кое го возела 37 годишната скопјанка З.К.
Повредени се возачите на Јагуарот и на Аудито А3, како и сопатничката А.А. од овој автомобил кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во ГОБ „8 Септември“ каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Неофицијално причина за несреќата е неприспособена брзина на движење. Според очевидци во несреќата учествувал уште еден автомобил „Јагуар“ кој избегал, но по дадените изјави на присутните автомобилот и лицето кое го управувало се пронајдени од полициските екипи и вратени на местото на несреќата. За оваа информација се уште нема потврда од полицијата. Очевидци на несреќата велат дека не е исклучена можноста возачите на двата автомобили „Јагуар“ да се тркале.Од полицијата денес информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Јагуар“ управуван од Б.М. (21) од скопско Сарај, „Ауди А

Пронајдете не на следниве мрежи: