Македонската ракометна репрезентативка Робертина Мечевска има тешки сериозни повреди од животно загрозувачки карактер и се наоѓа на Oдделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).Ова денеска за МИА го изјавија од ТОАРИЛУЦ кои посочија дека и покрај извршениот оперативен зафат во кој слезината е санирана, Мечевска има сериозни повреди на ’рбетот и ребрата и е во тешка состојба.
– Оперативниот зафат на слезината е еден дел којшто е саниран од многуте повреди што ги има пациентот. Значи, таа има многу повреди од коишто една била како итна повреда поради која што мораше да се внесе во сала и да се направи оперативна интервенција и по тој дел е добра. Меѓутоа, останатите повреди кои ги има се сериозни, потенцираат од ТОАРИЛУЦ.
Оттаму наведуваат дека продолжува лекувањето на Мечевска, има конзилиум, се договараат, а дали ќе има и други интервенции зависи од мислењето на лекарите.
Робертина Мечевска во вторникот се здоби со тешки повреди по пад од петтиот спрат од својот стан.Ова денеска за МИА го изјавија од ТОАРИЛУЦ кои посочија дека и покрај извршениот оперативен зафат во кој слезината е санирана, Мечевска и