Нови џиновски кратери се појавија во северниот дел од Русија!

Уште четири мистериозни огромни дупки се појавија во Сибир и научниците сега веќе стравуваат дека се отвораат поради глобалното затоплување.Кратерите се отворија во пермафростот (зона на вечен мраз) на полустровот Јамал, а околу секој кратер се наоѓаат десет помали дупки. Минатата година, во истата област се појавиле три огромни дупки.

Се смета дека дупките настануваат за време на ерупциите на метан од пермафростот, а тој успева да се пробие затоа што до топење на замрзнатото тло.
Научниците велат дека сега е вистинско време да се исплашат сите, бидејќи топењето на зоната на вечниот мраз е вистинска природна катастрофа која може да донесе страшни последици за човештвото.
Еден од четирите големи кратери, околу кој се појавиле најмалку дваесеттина помали дупки, е оддалечен не повеќе од 10 километри од голема рафинерија за гас.

Експертите велат дека се очекува појавување на уште 30 кратери, а професорот Василиј Богојавленски, кој е заменик директор во институтот за истражување на нафта и гас на Руската академија за науки – побара овој феномен под итно да се истражи.

Four new enormous holes discovered in northern Russia https://t.co/F6VQiA4DJS pic.twitter.com/sLKR5mhutF
— Daily Mail Online (@MailOnline) February 23, 2015
„Пет дупки се појавија токму на полуостровот Јаман, една се наоѓа во дистриктот Јамал, а една на северот од регионот Краснојарск која се наоѓа покрај полуостровот Тејмир. За четири точно знаеме каде се наоѓаат. Меѓутоа, убеден сум дека на Јамал има уште кратери, само треба да ги побараме. Да споредам со печурките: кога ќе најдете една, бидете уверени дека во близина ги има уште. Претпоставувам дека постојат уште 20-30 кратери. Два новооткриени кратери се претворија во езера“, вели проф. Богојавленски.

New Holes In Siberia Have Scientist Calling For Urgent Investigation Of The Mysterious Craters https://t.co/rbYHdDkzCP pic.twitter.com/nNPjrKlcmx
— UFO Community (@UFOcommunity) February 24, 2015
Кратерите се отворија во пермафростот (зона на вечен мраз) на полустровот Јамал, а околу секој кратер се наоѓаат десет помали дупки. Минатата годин

Пронајдете не на следниве мрежи: