Нови економски штети по државата од кризата предизвикана од Заев

Нови економски штети по државата од кризата предизвикана од Заев.Европската комисија скрати нешто над 27 милиони евра од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за Република Македонија, поради недостаток на подготвеност и зрелост при планирање во клучните сектори за кои овие средства требаше да бидат наменети, потврди вчера за МИА портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчиќ.
– Последните неколку години, а посебно минатата година, ЕК во неколку наврати ја објасни својата загриженост до надлежните органи во врска со недостатокот на подготвеност и недостаток на зрелост во планирање во клучните сектори, како и недостатокот на политичка посветеност за реализација на потребните секторски реформи и погенерално на општите реформски обврски. Како резултат на тоа, Комисијата сега мораше да ја намали финансиската помош на ЕУ што беше предвидена за 2016 година, како и да одлучи да не продолжи со друг проект, истакна Коцијанчиќ.
Со ова на Македонија и е нанесена економска штета, предизвикана од политичката криза во која СДСМ ја втурна нашата земја.
Со правилата за користење на ИПА 2, доколку ЕК утврди дека критериумите за секторски пристап не се целосно исполнети: постоење на соодветна секторска стратегија, среднорочна буџетска рамка, институционален капацитет, координативен механизам средствата се губат уште во фазата на програмирање.
Изминатиов период опозицијата на чело со Зоран Заев предизвика криза во Македонија која ја чувствуваат и економијата и граѓаните.
Дополнително, со оглед на тоа дека во изминатиот период Македонија беше предводена од техничка влада со мандат претежно ограничен на подготовка за спроведување избори, дел од мерките во секторот Управување со јавни финансии не можеше да се реализираат, што доведе до губење на дел од средствата за 2016 година. Станува збор за сума од 14.6 милиони.
Влада на РМ: Намалени се програмираните средства од ИПА, не се работи за санкции
Не се работи за санкции, туку за намалување на програмирани средства, се наведува во реакцијата од владината прес-служба по одлуката на Европската Комисија за намалување на средства од ИПА фондовите за Македонија.
Со мотивите и целите на одлуката, истакнуваат, најдобро е запознат органот кој ја донел таа одлука.
Има, како што наведуваат, два аспекта: внатрешен и надворешен.
– Внатрешниот е поврзан со фактот дека повеќе од една година лебдеше спроведување на избори. Во тој период институциите беа политички хендикепирани преку блокирачки механизми во неколку клучни министерства, вклучително и Министерството за финансии. Најголемата опозициска партија своето уцество во владата не го искористи за зголемуванје на довербата во избирацкиот процес, како сто е предвидено со договорот. Сосема спротивно, фокусот го стави на блокирање на институциите и правење што поголема штета за државата, се вели во реакцијата.
Надворешниот аспект, додаваат, пак е поврзан со искуствата на ЕК во претходните процеси на проширување, каде масовно се финансираа инфраструктурни и други проекти преку пристапни или подоцна структури фондови во нововлезени земји. Ефикасноста во тие трошења предизвика многу аларми. Како последица, со новите инструменти за пристапна помош предвидени се повеќе рестрикции, кои ги ограничуваат обемот и областите на прилив на европски фондови, согласно тековните планирања, тросења и приоритети. Согласно поуките од минати грешки во проширувањето со други земји, денес приливот на средства е многу порестриктивен, соопштуваат од владината прес-служба.
 
ВМРО-ДПМНЕ: Соработка со европските институции за поголема апсорпција на ЕУ фондовите
Како партија која е секогаш на страна на народот, ќе се залагаме за развој на Македонија и остварување на нашите стратешки цели. На овој пат ќе соработуваме со сите европски институции за поголема апсорпција и ефикасност на ЕУ фондови.
Тоа се наведува во вчерашното соопштиение од ВМРО-ДПМНЕ во однос на  одлуката за намалување на средства од ИПА фондовите за Македонија.
– Политичката криза во која што Зоран Заев ја втурна Република Македонија, придонесува за одлуки кои се на штета на граѓаните. Тоа е целта на тие кои посакуваат проблеми во Македонија, а бегаат од демократско соочување со народот на избори. СДСМ го смета како сопствен успех секое евентуално намалување на европските фондови, поради кризата која ја креира. Исто како што се исполнува со среќа доколку не се случи инвестиција во Република Македонија,  соопштуваат од владејачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ,  додаваат, ќе опстои на реализација на проектите од својата програма, како што тоа до сега сме го правеле. Ќе работиме на отстранување на сите пречки за поголема апсорпција на средства од ЕУ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните најдобро знаат кој се бори да донесе инвестиција или проект повеќе во Македонија.
– Народот знае и кој го мери сопствениот успех преку зголемување на проблемите за државата. Затоа СДСМ бега од избори бидејќи граѓаните немаа дилеми кому ќе ја дадат довербата, се вели во соопштението од  ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквиот чекор од страна на ЕК е повик за поголема конструктивност со цел надминување на кризата од страна на сите засегнати страни. Опозицијата во Македонија конечно треба да се однесува како одговорен партнер за да се реши кризата наметната токму од нивна страна.
Ова е само една од последиците од деструктивните политики на Зоран Заев и СДСМ.
„Дневник“: За два месеци бакните на граѓаните им продале девизи вредни 144 милиони евра
Банките им купиле на граѓаните во април и во мај девизи вредни вкупно 102,7 милиона евра, а во истиот период им продале девизи во вредност од 144,5 милиони евра. Во месеците во кои беше значаен притисокот за замена на денарите во евра, откупените девизи на менувачкиот пазар бележат годишен пад од безмалку 32 процента, а продажбата е поголема за 67,2 милиони евра на годишна основа.
Во истите месеци граѓаните од банките и менувачниците барале да купат девизи, па интервенциите на пазарот ги чинело домашните девизни резерви 102 милиона евра. За толку, всушност, се намалиле резервите на државата до крајот на мај споредено со крајот на првиот квартал односно со крајот на мај, потврдуваат од Народната банка.
Најмногу на физички лица Според податоците од НБМ во април нето-откупот на девизи од граѓаните изнесува 43,8 милиони евра, а во мај тој изнесува 58,9 милиони евра или вкупно за двата месеца 102,7 милиони евра, што е годишен пад од 31,9 отсто. Растот на продажбата на девизи од банките пак, според Народната банка, во најголем дел е од продажба на физички лица.
– Последните податоци за менувачкото работење, заклучно со мај 2016 година, и понатаму упатуваат на притисоци на менувачкиот пазар изразени преку намалување на понудата за девизи и пораст на побарувачката на девизи. Најновите податоци за нето-откупот од менувачкиот пазар укажуваат на остварување значително пониски приватни трансфери од очекуваните со априлската проекција.
Поради шпекулациите од СДСМ, граѓаните изгубија 4 милиони евра само во април
Само во месец април, македонските граѓани изгубиле дури 4 милиони евра, како резултат на извлекувањето на орочените депозити од банките и преварањето на денарските во девизни депозити.
-Над 217 мил. денари достигнуваат губитоците на економските субјекти врз основа на неостварени камати заради предвремено повлекување на орочените денарски заштеди во април 2016 година. Граѓаните ќе бележат и трошок врз основа на курсни разлики, кога повторно ќе ги претвораат купените девизи во денари, кој се проценува на околу 23 милиони денари, објави неодамна Народната Банка.
Огромни се штетите од шпекулациите на СДСМ
Македонските граѓани ги повлекуваа своите депозити, како резултат на паниката која се создаде во јавноста, заради девалвацијата на денарот. Но речиси пред секои избори од 2006-та наваму, а особено парламентарните, во јавноста се шират шпекулаци за девалвација. Паника дека ќе се намали вредноста на денарот се создаваше во 2008-та, 2011-та и 2014-та. Според познавачите, се работи за редовна предизборна тактика на СДСМ, која оваа година беше проширена и со гласините дека се несигурни штедните влогови. Уште тогаш во април, шпекулациите за девалвација ги отфрлија и претставниците на банките и Народната банка, но и останатите финансиски организации кои го анализираат домашниот финансиски пазар. Првиот човек на здружението за банкарство изјави дека банките имаат вишок ликвидност и дека се подготвени да ги сервисираат сите потреби на граѓаните кои можат слободно да располагаат со своите пари, независно дали сакаат да ги менуваат во евра или обратно, да ги подигитаат или орочуваат.Шпекулациите ги отфрли и гувернерот на Народната банка, порачувајќи дека економските фундаменти на земјата се здрави, а гласините оркестрирани.Европската комисија скрати нешто над 27 милиони евра од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за Република Македонија, поради недостаток на под

Пронајдете не на следниве мрежи: