Наскоро се очекува доделување на 500 договори за грантовите за самовработување во рамки на проектот на Владата на Република Македонија кој се реализира во соработка со УНДП. Во Агенцијата за вработување се вршат последните проверки на апликациите за искористување на грантовите за отпочнување на сопствен бизнис и во следните десетина дена се очекува објава на финалната листа на резултати и потпишување на договорите.Проектот е навистина многу квалитетен за што сведочат постигнатите резултати во изминатиот период а кои што говорат дека до сега над 7.000 бизниси се започнати како резултат на овој вид на државна поддршка.
-Ние очекуваме овој тренд а позитивни ефекти да продолжи и понатаму со огласите кои што се реализирани оваа година. Може да информираме дека во наредните неколку денови Агенцијата за вработување ќе ја ибјави финалната листа на добитници на средства кои што се неповратни и се во висина од 3.000 евра за лицата кои што конкурираа за огласот кој што беше реализиран на почетокот на годината. А веднаш потоа во текот на следната недела ќе се пристапи кон потпишување на договорите по што овие лица ќе можат да започнат со операционализација на нивните бизнис планови, вели портпаролот на Владата Александар Ѓеорѓиев.
Од Владата истакнуваат дека по однос на првиот годинешен повик од оваа мерка кој беше реализиран на почетокот на годината се очекува да се дефинираат и финансиски поддржат нови приватни бизниси на 500 граѓани од сите региони од државата. Реализацијата на овие 500 бизнис планови ќе се одвива преку доделување на средства во висина од 3000 евра неповратна финансиска помош за поддржаните проекти, со кои овие лица ќе можат да ја набават потребната опрема или пак материјалите потребни за отпочнување на сопствениот бизнис.
Лицата кои ќе бидат добитници на овие средства веќе ја поминаа обуката за изготвување на бизнис плановите преку која дополнително беа обучени за сите аспекти од дооформување на нивната бизнис идеја, начинот на реализацијата и развој на истата како и дефинирање на бројот на лица кои дополнително би се вработиле.
Финансиската поддршка која ќе ја добијат избраните лица се однесува на експертска поддршка во форма на обука за претприемништвото и водење бизнис во висина од 16 600 денари и финансиска и советодавна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали во висина од 185 000 денари, или вкупно 201 600 денари.
Од Владата најавуваат дека досегашните позитивни резултати од реализацијата на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување претставуваат повеќе од доволна причина за продолжување со истите и во следниот период што практично би значело и продолжување на трендот на отворање нови приватни бизниси и нови работи места во државата.
Покрај ова, во тек се и процедурите за реализација на вториот повик за доделување на неповратна помош од 3000 евра за започнување на бизнис и самовработување, кој беше објавен во вториот квартал од 2016 година.
Проектот е навистина многу квалитетен за што сведочат постигнатите резултати во изминатиот период а кои што говорат дека до сега над 7.000 бизниси