Министерството за труд и социјална политика преку АВРМ денес oбјави оглас, кој ќе трае 20 дена, за отворање на 10 нови приватни детски градинки. За новите градинки обезбедени се грантови во висина од 600.000 денари за градинка.Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денес истакна дека зголемување на бројот на детски градинки останува еден од приоритети на МТСП, па во таа насока како пилот проект се објавува нова мерка, со цел продолжување со стимулациите и поволностите за отворање на приватни детски градинки. Новите градинки се очекува да отворат работни места за околу 50 лица.
-Сите оние кои се заинтересирани невработени лица или пак правни субјекти може да аплицираат за користење на оваа мерка. Невработените лица ќе имаат предност во искористување на оваа финансиска поддршка. За ова година планираме да поддржиме основање на 10 приватни детски градинки и имаме обезбедено буџет во износ од 6 милиони денари. Оваа мерка ќе влијае и за отворање на нови работни места бидејќи они кои ќе ја искористат ова финансиска поддршка во грант средтсва ќе бидат обврзани да имаат најмалку 4 вработувања или најмалку капацитет за згрижување на 40 деца, истакна Спасов.
Директор на АВРМ Влатко Поповски истакна дека по примањето на апликациите ќе биде направена нивна евалуација, а со оние кои ќе ги исполнат условите во огласот ќе биде потпишан договор.
-Компаниите можат да аплицираат за овие средтсва и со сопствен деловен објект, односно со изнајмен објект кој ќе биде најмалку 3 години под закуп. Наредните три години по добивање на средтсвата АВРМ ќе врши мониторинг дали се обавува дејноста за која се дадени средствата, посочи Поповски.
Во 2013 година беше објавен пакет на поволности со цел стимулирање на инвеститорите заинтересирани за отворање на приватни детски градинки. Дел од нив се почетна цена од 1 евро метар кваратен за градежно земјиште, намалување на комунални такси за изградба на вакви објекти за 95 проценти, како поволни кредитни линии. До денес отворени се 25 приватни детски градинки и шест приватни центри за ран детски развој.Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денес истакна дека зголемување на бројот на детски градинки останува еден од приоритети