Нови протести во Црна Гора: „Диктаторот мора да си оди“

Од Демократскиот фронт е најавено дека денес ќе продолжат протестите во Подгорица.„Само што почнавме“ – порачал еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ.
Тој изјавил дека кон протестот ќе се приклучат и жителите на Никшиќ, но и останатите градови.
„Диктаторот мора да се сруши, рушењето на Владата е задача број еден за секој чесен граѓанин“ – рекол Мандиќ.
Протестите кои траат веќе дваесет дена, беа прекинати вчера изутрина кога стотина полицајци во опрема за разбивање на нереди дошле пред Собранието на Црна Гора.
Пратениците Славен Радуновиќ и Владислав Бојовиќ, како и уште двајца други, биле уапсени при полициската акција.
Пратеникот Милан Кнежевиќ завршил во Ургентен центар откако бил испрскан со спреј во лице. Во акцијата за разбивање на протестите учествувала и комуналната полиција.
При синоќешната акција на полицијата, биле фрлени солзавци и две шок бомби на демонстрантите по што лесно се повредени неколку лица.„Само што почнавме“ – порачал еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ.
Тој изјавил дека кон протестот ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: