На седницата на Централниот одбор, лидерот на СДСМ Зоран Заев им ги соопштил дел од работите кои биле договорени со ДУИ.Освен за работите за кои веќе се знае во јавноста дека се прифатени, Заев и СДСМ постигнале договор за широка употреба на Законот за јазици, со кој практично ќе се официјализира албанскиот јазик, а образложението му било дека Албанците не се чувствувале за конституитивен народ и со ова законско решение тие ќе се изедначат со Македонците.
Потоа, поради непријатната атмосфера која настанала, Заев наспроти тврдењата на Бујар Османи дека законот за јазици е готов и целосно усогласен, тој на Централниот одбор соопштил дека во овој момент номотехнички не е напишан Законот.
Исто така, Заев посочил дека ќе се отвори прашањето за промена на знамето, грбот и химната, кое ќе се решава во втора фаза. Исто така, се разговарало во химната освен Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Јане Сандански да се додадат неколку имиња на албански екстремисти и членови на балистичкото движење како Наим Фрешери, Мефаил Зајази или Џемо Хаса.
Заев прифатил да се осуди геноцидот, на употреба на вооружени сили против цивилно албанско население.
Оправдувањето пред членовите на Централниот одбор му било дека тоа обвинувањето ќе се насочи кон Србите и тогашната српска власт и тие ќе се осудат за геноциден народ.
Се преговарало и за одложување на локалните избори, бидејќи моменталното расположение кај населението не било поволно за СДСМ.
Воедно, Заев најавил избор на свој јавен обвинител кој ќе работи согласно политиките на Владата на СДСМ.
Инаку, познато е дека самиот Бујар Османи претходно најави дека се договорени и двојазични пари, како и казна до 5 илјади евра за тој од администрација кој нема да ја почитува двојазичноста.
Ваквите одлуки биле примени со негодување и противење од страна на неколку членови на Централниот одбор на СДСМ, бидејќи тие јавно предупредиле на штетноста по унитарниот карактер на државата со кое се загрозува понатамошното опстојување и егзистирање на самата држава и дека тоа немало шанси да биде прифатено од народот.Освен за работите за кои веќе се знае во јавноста дека се прифатени, Заев и СДСМ постигнале договор за широка употреба на Законот за јазици, со кој