Во Македонија влегуваат нови инвестиции и во време на политичка криза. Ова покажува дека странските компании не се исплашени и дека веруваат во долгорочната стабилност на државава. Вложувањата не се мали, се реализираат етапно и повлекуваат ангажман на поголема работна сила, а тоа е сигнал дека инвеститорите планираат во еден подолг период да остваруваат профит во нашата земја, пишува Лидер.-И покрај тешкотиите со политичкиот систем во изминативе две години, бизнисмените имаат добро чувство за иднината. Странските инвеститори се стабилни во работењето, а некои од нив за двојно го зголемија бројот на вработени. Субвенциите дадоа резултати, потврда за тоа е фактот дека се обезбедени 50 илјади вработувања, вели претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер.
Само во изминатиов период се најавени или веќе се реализираат три инвестиции, една во Желино и две во Скопје, со што вкупно ќе се отворат 850 работни места. Последна во низата е американската браунфилд инвестиција од медицинскиот сектор што ја објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Се работи за вложување во Кривогаштани, вредно 8 милиони евра со 300 планирани вработувања.
-Веќе изнајдоа објект, го реновираат и адаптираат, ги набавуваат потребните дозволи и очекувањата се дека најдоцна за два месеца, а можеби и порано, ќе започне со работа. Ќе се вработат околу 300 луѓе. Бројот на странските инвестиции ќе беше поголем доколку немаше политичка криза, но и покрај тоа, напорите на владините институции во однос на привлекувањето странски инвестиции сè уште даваат ефект, вели Груевски.
Седишта за автобуси од Желино
Македонија успеа да привлече уште една инвестиција од автомобилскиот сектор. Германската компанија за производство на седишта за автобуси и возови „Франц Кил“ вложува во Желино. Во почетокот ќе работи за потребите на белгиската компанија „Ван Хол“, а потоа своите производи ќе ги пласира и во Европа, Азија, Америка и на други пазари, со што и вкупниот број на вработувања ќе стигне до 350. Ова вложување е резултат на веќе претходно реализирана инвестиција.
-Во овој случај имаме компанија која доаѓа како добавувач на „Ван Хол“ што значи дека го гледаме дополнителниот ефект од веќе постоечките инвеститори кои работат во Македонија и го прошируваат своето производство. Тие полека ги носат и своите добавувачи, вели првиот човек на слободните зони, Виктор Мизо.
Македонија стана магнет за компании од автомобилскиот сектор. Гиганти од оваа дејност се позиционираа во речиси сите градови низ земјава. Ги има во скопски Бунарџик, „Леар“ е во Тетово, „Кромберг и Шуберт“ работи во Битола, „Дрекселмаер“ во Кавадарци, „Маркард“ е во Велес, „ОДВ Електрик“ во Охрид, „Адиент“ (поранешен „Џонсон Контролс“) во Струмица, навлаки за автомобилски седишта за произведуваат во Штип, „Амфенол“ работи во Кочани, „КСС“ во Кичево веќе ја натфрли бројката од 1.200 вработени.
-Според првичните планови, компанијата „Ки Сејфти Системс“ требаше да вработи околу 670 луѓе во Македонија, што значи дека бројот на работни места е речиси двојно зголемен. Тие веќе имаат планови за проширување на производство. Се вработуваат луѓе од регионот на Кичево, но и од Македонски Брод. Над илјада работни места за овој регион значат многу за заживување на локалната економија, вели Мизо.
Верба во долгорочната стабилност на земјава
Одлуката за „Франц Кил“ да инвестира во Македонија е донесена во услови на политичка криза, па ова вложување е интересно да се анализира зошто е реализирано токму во овој период, кога другите бизнисмени се воздржани при носењето крупни одлуки. Сепак, се чини дека Германците размислуваат долгорочно.
-Позитивно гледам на иднината бидејќи веруваме дека едукацијата и луѓето се најголемата инвестиција на оваа земја. Ова, пак, за компаниите е основа за успех. Затоа не сме многу врзани со политичкиот аспект, но секако индустријата има потреба од стабилност за да се воспостави процесот, вака директорот на оваа компанија, Герхард Хелвек, ја објасни својата одлука за инвестирање во услови на политичка криза.
Германските инвеститори во Македонија гледаат плодна почна за остварување на нивните бизнис планови, а тоа го покажа и последната анкета.
-Добар знак е тоа што поголем дел компании, дури 82 отсто, повторно би инвестирале во Македонија, што е 10 проценти повеќе од лани и е важна порака до потенцијалните инвеститори. Во земјата работат повеќе од 200 фирми со германски капитал, кои вработуваат 15.000 лица, објави директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс.
Повисоки технологии за нови партнерства
Податоците на Советот на странски инвеститори во Македонија покажуваат дека над 5 илјади домашни компании на некаков начин соработуваат со странските инвеститори. Добар дел од нив се директно вклучени во добавувачкиот синџир што им отвори нови можности за раст и развој.
-Одредени домашни компании инвестираат во посовремена и нова технологија и опрема, за да можат да бидат добавувачи токму за одредени специфични производи на странските инвеститори. Во тој случај, домашните компании се одлучуваат да земат кредити, бидејќи во таа конструкција е познат купувачот, објаснува извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов.
-Целта е домашните компании да го зголемат процентот во репроматеријали, а со тоа да се зголеми и учеството во извозот, затоа што ако овие компании се 100% извозно ориентирани, содржината во тој извоз сакаме да направиме да биде што повеќе македонска, посочи првиот човек на асоцијацијата, Аврам Стојчевски.
Дополнително, соработката меѓу домашните компании и странските инвеститори резултираше и со креирање индиректни работни места, со што се мултиплицира ефектот од странската директна инвестиција. Проекциите на меѓународните финансиски институции покажаа дека невработеноста во Македонија ќе продолжи да се намалува како резултат на СДИ.-И покрај тешкотиите со политичкиот систем во изминативе две години, бизнисмените имаат добро чувство за иднината. Странските инвеститори се стабил