На местото на старите бараки од студентскиот дом „Невена Георгиева-Дуња“ попознат како Медицинар, ќе се гради нов дом за студенти со современи услови, на површина од 1.200 метри квадратни. Од идната академска 2016/2017 година во Скопје ќе почне да работи нов државен универзитет – „Мајка Тереза“ со настава на македонски, албански и англиски јазик, најави денеска премиерот Никола Груевски.Премиерот Никола Груевски денеска беше во посета на бараките на поранешниот студентски дом Медицинар, на местото каде што во следните 3 месеци ќе започне да се гради новиот студентски дом.
Министерот и заменик министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми и Спиро Ристовски, на премиерот му ги презентираа проектите за изградбата на новите три студентски домови, од кои едниот ќе се гради во Тетово.
-Во следните 3 месеци ќе започне да се гради новиот студентски дом на местото на затворените бараки на поранешниот студентски дом Медицинар. Овојстудентски дом ќе има капацитет од 350-400 легла за студенти и плус спортска сала, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
Новиот студентски дом ќе биде на површина од околу 1200 м2, а средствата за изградба се веќе обезбедени. Планирано е дека до 15 јануари да се објави тендер за градба по што ќе започне рушење на бараките.
Покрај тоа Владата веќе донесе одлука и за градење на други 2 студентски домови од кој едниот ќе се гради во Скопје а другиот во Тетово.
-Студентскиот дом кој ќе се гради во Скопје и тоа во близина на спортската сала „Борис Трајковски“ ќе има капацитет за 400-500 студенти, рече Груевски кој информира дека доколку има потреба од ќе има и повеќе легла.
Студентскиот дом на Универзитетот во Тетово ќе има околу 350 легла, а доколку се јави потреба истиот може да има и до 500 легла.
Исто така, во завршна фаза е и тендерот за целосно реновирање на блокот А во студентскиот дон „Гоце Делчев“, каде што комплетно е реновиран блокот Б. Објавен е тендер за проект за реновирање и на блоковите В и Г.
Премиерот истакна и дека во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе почне и изградба на зграда Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), кој немаше свој објект, и на Факултетот за физичка култура (ДИФ) кој работи во стари и дотраени бараки. Изградбата треба да заврши за една и пол година.
– Денеска донесовме одлука да се отвори уште еден универзитет во Скопје. Ќе се вика „Мајка Тереза“, ќе биде на три јазици – на македонски, албански и на англиски и ќе има сериозна интернационална димензија, бидејќи ќе има професори и студенти и Македонци, и Албанци, но и странци. Можно е да има декани странци, можеби и ректор странец зашто законот тоа го дозволува. Универзитетот ќе биде нов квалитет во нашето високо образование, истакна Груевски.Премиерот Никола Груевски денеска беше во посета на бараките на поранешниот студентски дом Медицинар, на местото каде што во следните 3 месеци ќе з