Четири лица се осомничени за два напада на полицијата во градот Астрахан на југот на Русија. Тие се убиени во потерата, неколку часа по вториот напад, соопштува националната гарда.Напаѓачите убиле двајца полицајци, а во тешка состоја се уште двајца. На тројца војници од Националната гарда пукано е од возило во движење. Еден од напаѓачите е убиен на самото место.
„Еден од осомничените за убиство на полицајците во Астрахан е убиен во текот на нападот на припадниците на Националната гарда, а другиот им подлегна на повредите дбиени во грбот.Пронајдени и елиминирани се и другите двајца напаѓачи. Сите биле барани поради убиства на полицајци. Нема жртви меѓу припадниците на Националната гарда“, изјавил припадник на Националната гарда.
На припадниците на гардата било пукано кога се обиделе да запрат автомобил за проверка на документи. Троцја полицајци се ранети и се одведени во болница.
2rusija-terorizam5
Според некои претходни извештаи, уште во вторникот, на 4 април, вооружени луѓе убиел двајца сообраќајни полицајци кои дошле да извршат увод на местото на сообраќајна незгода.
Гувернерот на Астрахан уште во вторникот рекол дека постои сомнеж напаѓачите да се дел од група исламски екстремисти, но истражителите не ја потврдиле оваа информација.Овие напади се случуваат додека е на сила предупредувањето од тероризам во Русија по експлозијата во метрото во Санкт Петербург, во која 14 луѓе беа убиени, а околу 50 ранети.
Напаѓачите убиле двајца полицајци, а во тешка состоја се уште двајца. На тројца војници од Националната гарда пукано е од возило во движење.