Нови вработувања на лица со социјален ризик

Микро, мали и средните компании се најмногу заинтересирани за владиниот проект „Субвенционирано вработување на лица во социјален ризик“. Досега преку овој проект за две години се вработиле 145 лица кои се уште се  во работен однос.Директорот на Агенцијата за вработување на Р. Македонија Влатко Поповски,  кој денеска ја посети компанијата Крусел, која е дел од овој проект, истакна дека очекува на огласот кој е објавен пред една недела за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик, повеќе компании да покажат социјална одговорност и да се пријават.
-АВРМ со МТСП потпомогнати од Светска банка овозможуваат субвенционирано вработување во траење од 6 месеци на лица во социјален ризик, зависно од степенот на образование и сумата која што ја исплаќаме кон компанијата, бруто плата. 14.900 исплаќаме  за лица кои што се со средно образование и 17.000 денари за лица кои што се со високо образование во вид на бруто плата, истакна Поповски.
Тој посочи дека преку проектот се дава и дополнителен стимул на компаниите од 5000 денари за секое вработено лице бидејќи оваа категорија на лица има потреба од повеќе време за прилагодување на работниот процес.
-Се надевам дека огласот што го објавивме минатата недела ќе има доста интерес кај компаниите, ќе покажат социјална одговорност и ќе вработат лица од оваа тешка категорија за вработување. Тоа се лица кои што се повеќе години невработени, кои што немаат работно искуство и не се вклучени во работниот процес. На крајот успехот се гледа во тоа дали работникот во социјален ризик ќе продолжи во компанијата да работи и колку компанијата ќе биде задоволна од тој работник, рече Поповски.
Славе Илиевски сопственик на компанијата „Крусел“ истакна дека во нивната компанија вработиле лице во социјален ризик, самохрана мајка од која како работник се многу задоволни. Тој изрази задоволство за помошта која ја добиваат од Владата за вработувања.
-Нашата компанија се бави со увоз на техничка роба, веќе 24 години постоиме и вакви акции се добредојдени и за нас и за сите помали компании. Ваквите мерки се од тројна корист.  За нас како компанија да ни се намалат трошоците, за лицата кои на тој начин се вработуваат и за државата која ја намалува невработеноста, истакна Илиевски.
Преку овој проект годинава се очекува да се вработат нови 100 лица во социјален ризик. Повикот на Агенцијата за вработување  е во тек,  се очекува во наредните денови и компаниите и невработените лица во социјален ризик да  аплицираат.Директорот на Агенцијата за вработување на Р. Македонија Влатко Поповски,  кој денеска ја посети компанијата Крусел, која е дел од овој проект

Пронајдете не на следниве мрежи: