Нови врати, прозорци, подови, електрична и водоводна инсталација, нов систем за парно греење, молерисување, нов мебел и комплетно нова купатилска галантерија, сето ова ќе биде опфатено и со втората фаза односно со реновацијата на Блокот ,,А,, во студентскиот дом Гоце Делчев која почна пред неколку дена.Овие слики во најскоро можно време како што се заложбите на надлежните, ќе бидат заменети со овие кои се од блокот ..Б,, кој во употреба беше пуштен пред крајот на минатата година.
Покрај блоковите за студентскиот стационар, ќе биде реновирана и мензата а ќе има и партерно уредување. Подобрувањето на условите на студентското домување е добредојдено и поздравено од студентите. Вака изгледаа нивните реакции кога во употреба беше пуштено крилото ,,Б,, во Гоце Делчев.
Со фазата на реновирање, паралелно се спроведува и фазата за смена на лифтовите. При денешната посета на Блокот ,,А,, за да видиме како се одвиваат градежните работи, не пречека екипа која работеше на демонтажа на еден од двата лифтови. Процесот на замена на лифтовите овде но и во сите студентски домови во државава ќе стартува од април и ќе трае до крајот на годинава. Инвестицијата чини 250 илјади евра.Една од активностите на осовременување опфаќа и замена на мебелот во сите студентски домови со исклучок на блокот Б во Гоце Делчев и новите павилјони во состав на студентскиот Стив Наумов, бидејќи кај нив е веќе сменет. Овој проект изнесува околу еден и пол милиони евра.
Како дел од напорите за олеснување на студентскиот живот е и инсталацијата на перални и сушални предвидено за наредната година.Покрај реновирањето, владата донесе одлуки и за изградба на нови три студентски домови.
Колку за потсетување, Два дома ќе се градат во Скопје едниот, на место на поранешниот “Медицинар“, вториот во близина на Спортскиот центар “Борис Трајковски“ и третиот во Тетово, за потребите на Државниот универзитет во Тетово.
За Медицинар и за тетовскиот студентски дом веќе е објавен и повик за избор на фирма изведувач на градежните работи, со рок за доставување на понуди до 19 април. За двата дома ќе се инвестираат 5 милиони евра.
Новиот “Медицинар“ во кругот на универзитетската клиника во Скопје, ќе се гради на површина од 1.200 метри квадратни, ќе има четири ката и спортска сала, а ќе може да смести 350 до 400 студенти.
Додека, домот во Тетово согласно проценетата потреба на почеток ќе има околу 350 места, со можност за надградба на дополнителни 150 места.
Ова значи дека со поддршка на државата најголем дел од студентите во земјата,во наредните 3-4 години ќе добијат најсовремени услови за сместување.Овие слики во најскоро можно време како што се заложбите на надлежните, ќе бидат заменети со овие кои се од блокот ..Б,, кој во употреба беше пуште