Нови времиња, нови трендови: Неколку модерни правила за уживање во виното

Апликациите можат да ви помогнат при одбирањето вино за пријателите, при одлучувањето кое вино со каква храна одговара, каде да најдете некои ретки вина..Како најдобро да уживате во омилениот гроздов напиток, што е прифатливо а што не, на крајот самите ќе процените според својот вкус.
1-Не плашете се да го ставите црното вино во фрижидер: Идејата за послужување црно вино на собна температура едноставно е застарена. Во ред е кога виното се наоѓа на 15 целзиусови степени, но кога е премногу загреано, едноставно не е добро. Вистината е дека топлото вино дава подобар вкус, но ако е претопло, вкусот не е толку силен.
2-Ни белото вино не треба да се замрзнува: Да, правилото дека белото вино треба да е ладно е точно, но не претерувајте. Само евтините вина или оние со низок квалитет треба да бидат многу ладни, но ако пиете фино бело вино, температурата може да биде иста како и кај црното.
3-Пијте вино во чаша за коњак: Не секој пат, но ако сакате да го промешате доброто вино во чаша како професионалец, во ресторанот слободно замолете да ви го послужат во чаша за коњак.
4-Не се замислувајте дека го знаете точниот вкус на вашето омилено вино: На пример, можете да заклучите дека вашето Мерло има необичен вкус и да се жалите кај келнерот за тоа, но причината за тоа може да биде и земјата на потеклото, бидејќи садењето на истото грозје во Америка, Франција и Македонија не мора да дава и еднаков вкус на виното.

5-Инсталирајте винска апликација на мобилниот телефон: Денес постојат апликации за се, па дури и за виното. Апликациите можат да ви помогнат при одбирањето вино за пријателите, при одлучувањето кое вино со каква храна одговара, каде да најдете некои ретки вина..
6-Немојте да мислите дека храната што оди со вашето вино мора да биде вообичаена: Добрата храна и доброто вино секогаш одат заедно, така што инсистирањето на „црно вино со бифтек“ или „бело вино со риба“ нема многу смисла. Многу готвачи се колнат дека постојат прекрасни црни вина што одлично одат со риба, како и бели што одат со бифтек, така што, слободно пробајте ги и тие комбинации.
7-Не се одрекувајте од локалните вина: Ако видите вино што не е произведено во „признаените“ вински региони, веднаш заклучувате дека не чини? Немојте да верувате во вакви глупости, бидејќи постојат некои вина што се произведени во најдобрите делови на Франција, па сепак, едноставно не чинат.
8-Виното може да биде прекрасно, но смирете се веќе еднаш: Виното е тука за да го испиете и да уживате во него, а не за цела вечер да разговарате за длабоки работи врзани со него и да донесувате дека нема добар живот без добро вино. Сфаќаме дека го сакате виното, но немојте ни да претерате и да станете здодевни.Како најдобро да уживате во омилениот гроздов напиток, што е прифатливо а што не, на крајот самите ќе процените според својот вкус.
1-

Пронајдете не на следниве мрежи: