Едно лице загина, а дванаесет лица се повредени, од кои тројца се во критична состојба, во експлозија што се случи ноќеска во Ансбах во близина на Нојернберг. Нападот го извршил 27-годишен Сириец, кому лани му бил ускратен азилот во Германија, а кој загинал на самото место на несреќата.Нападот го извел во близина на местото каде штос е одржувал музичкиот фестивал Ансбах опен, каде што малку пред нападот на напаѓачот му било забрането да влезе, затоа што немал карта. Откако не влегол, отишол во кафе-барот „Егенс вајнстуб“, пред кој се разнел со бомба која ја имал во ранецот. По експлозијата фестивалот е прекинат, а околу 2000 луѓе се евакуирани.
Иако на почетокот не било јасно дали му била намерата во експлозијата да повреди и други луѓе или само да се самоубие, бидејќи е откриено дека веќе имал два обида за самоубиство, во меѓувреме е потврдено дека ранецот му бил полн со шрафови и клинци, што укажува на тоа дека во текот на експлозијата сакал да повреди колку што е можно повеќе луѓе.
Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман изјави дека се уште не може со сигурност да потврди дали се работи за терористички напад, но се укажува на тоа.Нападот го извел во близина на местото каде штос е одржувал музичкиот фестивал Ансбах опен, каде што малку пред нападот на напаѓачот му било