Новинари од Македонија од засега непознати причини во Пустец лажно се претставувале дека се од неделникот „Република“, објави порталот „Пустец“ (Pustec.com).Ваквата вест ја потврдил и градоначалникот на општина, Едмонд Темелко, кој ги примил новинарите во својата канцеларија.
Според информациите на порталот „Пустец“, се работи за новинарите Александар Тодески и Виктор Јованов. Новинарите се од порталот „А1 он“.
Тие се дел од импресумот на А1ОН објавен на самиот портал.
„РЕПУБЛИКА“ демантира:
Новинарска екипа од „Прва Република“ не е испратена во Пустец. Денеска две лица се претставувале како новинари на „Република“ во обид да разговараат со населението и да направат интервју со гтадоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.
„Република“ нема своја екипа во Пустец, ниту пак новинари на неделникот и порталот „Република“ побарале интервју од тамошниот градоначалник. „Република“ по ова ќе покрене соодветна постапка, согласно законските прописи, против лицата кои лажно се претставувале, злоупотребувајќи го медиумот „Република“.Ваквата вест ја потврдил и градоначалникот на општина, Едмонд Темелко, кој ги примил новинарите во својата канцеларија.
Според информациите