Новинарите на оваа светска агенција се РОБОТИ!

Светската агенција Associated Press, уште пред шест месеци најави, а потоа има имплементирано систем во кој за пишување на текстови се користат „новинари роботи“.Имено, програмата е замислена на начин да пишува текстови за работни резултати и извештаи на компаниите, за новинарите да имаат повеќе време за следење на светските трендови, пронаѓање на нови приказни и ексклузивни вести. Програмата се вика „Automated Insights“ и за секој квартал објавува околу 3.000 вести од сферата на бизнисот и работни извештаи на компаниите, а таа бројка од ден на ден сѐ повеќе расте.
Каварталните добивки се нужни кога станува збор за известувањата, што всушност претставува монотона и стресна работа која бара прецизност и брзина. Тоа е само една од причините поради кои АП уште минатата година одлучи да започне со автоматизација на кварталните извештаи, притоа користејќи Wordsmith платформа.
Секако дека за таквите текстови никогаш не би помислиле дека ги напишал, односно генерирал новинар робот, сѐ додека не дојдете на крајот од текстот каде што пишува дека е генериран со програмата Automated Insights.
Според зборовите на менаџерот за односи со јавноста, Џејмс Котецки, оваа платформа неделно генерира преку 4 милиони текстови. Исто така, Котецки проценува дека овој систем, само доколку е потребно, може да произведе и до 2.000 текстови во секунда!
Во секој случај, роботите целосно сѐ уште не ја имаат преземено работата на новинарите.
„Целта на платформата е новинарите да имаат поголема слобода на изразување и критичко размислување, да се растеретат и да бидат во можност да пишуваат паметни и интересни текстови“, истакнале од АП.Имено, програмата е замислена на начин да пишува текстови за работни резултати и извештаи на компаниите, за новинарите да имаат повеќе време за сле

Пронајдете не на следниве мрежи: