По доаѓањето на функција на техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, МВР работи целосно нетранспарентно. Новинарите од таму не можат да добијат информации и одговори и за тоа мора да бидат поднесувани посебни барања.Дури и откако ќе се поднесе барањето од новинар или медиум, одговорот се чека со денови, кога темата веќе ќе биде неактуелна, а информацијата нема да пристигне навреме до граѓаните.
Медиумите ваквиот однос на Спасовски и МВР го осудија јавно и упатија критики до ваквата работа која ги оневозможува новинарите да ја вршат својата должност- навремено информирање на јавноста.
Уредникот на телевизија „Алфа“, Коле Чашуле, пред два дена во емисијата „Акцент“ на МРТ говореше токму за овој проблем.
-Три дена се чека на одговор за обична информација, не за висока политика. Забрането е да се даваат информации, а по закон е обврска. Четири дена беше подоцна објавено соопштението на средба во ОБСЕ, истакна Чашуле.
Жестоки критики за нетранспарентност упатени и од опозициската „Телма“.
И новинарот Цветин Чилиманов на својот Фејсбук профил објавува дека во МВР во секторот за односи со јавност владее вистински хаос.
Дури и откако ќе се поднесе барањето од новинар или медиум, одговорот се чека со денови, кога темата веќе ќе биде неактуелна, а информацијата нема