Новинарката Трајковска призна дека има фирма со политичарката Куновска

Оливера Трајковска, една од новинарските перјаници на СДСМ призна и потврди дека има заедничка фирма со координаторката на СДСМ за Град Скопје, Софија Куновска, која е висок партиски функционер на партијата на Зоран Заев и Радмила Шекеринска, пишува Денешен.мк-Она што дополнително ја скандализира јавноста е тоа што Трајковска наместо да се извини за тоа што е и официјално содружник со политичар во бизнис, таа воопшто не се осврнува на тоа, туку обвинува. Ова е прв случај во Макдонија, а сигурно и пошироко, каде што е официјално и бесрамно еден новинар да има заедничка фирма со еден политичар, пишува Денешен.
Заедничката фирма на Трајковска и Куновска е скандал од врвни размери. На сите им е јасно дека фирма не се отвора со секого, за да отвориш фирма со некого треба да имаш доверба, партнерство, заеднички интереси, да вложиш капитал.
-Доколку е така, а веруваме дека не може да биде поинаку бидејќи Трајковска и Куновска имаат заедничка фирма, интелектуалки се и одлучиле да ја основаат фирмата со слободна волја а не под присила, тогаш е сосема јасно дека тоа пријателство, доверба и заеднички интерес ги врзува и надвор од бизнисот во другите сфери, а се разбира и во политиката каде што Куновска партиципира, а Трајковска ја опсервира, пишува Денешен.
Кој од јавноста после ова ќе поверува дека Трајковска во своите опсервации и анализи не трпи влијание од тоа што има заеднички интерес со Куновска? Кој ќе поверува дека е независна?
-На времето екс министерот на МВР Томислав Чокревски велеше “политичарите и новинарите се во административен брак”, но никој не веруваше. Сега гледаме дека тоа било вистина, а овој случај е најголема потврда за тоа. Во Македонија СДСМ има новинари со кои основа заеднички фирми. Останува нејасно за каква слобода на новинарите зборува СДСМ, кога ова е класичен случај на мегазависност.
извор: денешен-Она што дополнително ја скандализира јавноста е тоа што Трајковска наместо да се извини за тоа што е и официјално сод

Пронајдете не на следниве мрежи: