Младиот Леарт Адеми, кој почина во старата Градска болница откако дента бил ранет со нож во срцето е син на Сами Адеми, долгогодишен спортски новинар во Македонската радио телевизија.Неговиот татко, на својот Фејсбук профил напиша: „Среќата повеќе не живее во нашиот дом. Мојот син беше прободен и убиен со нож“.
Деветнаесетгодишниот Леарт е погребан денска.
Неговата прерана и насилна смрт предизвика голем интерес кај јавноста. Убиецот не е уапсен. Од полицијата велат дека интензивно го истражуваат случајот. Засега фактите говорат дека Леарт Адеми починал откако со убодна рана од остар предмет е донесено во Градската општина болница „Наум Охридски“ во Скопје.
Со него било донесено уште едно лице родено 1995 година, кое имало расекотина на главата. Неговиот другар по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.Неговиот татко, на својот Фејсбук профил напиша: „Среќата повеќе не живее во нашиот дом. Мојот син беше прободен и убиен со нож“.