Новинарството не е криминал!

ТВ Нова може да биде репресирана и прогонувана, но ќе остане слободна, објективна и на страна на граѓаните, велат од телевизијата.Телевизија Нова деновиве се соочува со незаконски притисок од страна на СЈО кој не може да се протолкува никако поинаку освен како обид за цензура и обид за замолкнување на слободните медиуми.
Целта на поведената истрага и неоснованото барање за притвор против сопственикот на ТВ Нова е обид за финансиска блокада на медиумот преку која би се влијаело на нашата работа и би се обиделе да нѐ замолкнат во нашите напори објективно да ја информираме јавноста за се што се случува.
Тоа што го прави СЈО во моментов е сериозно погазување на демократијата и ограничување на слободата на медиумите. Денес на удар на СЈО е ТВ Нова, а утре на ваков удар може да биде кој било медиум.
Да се биде новинар не е криминал, затоа ни е потребна вашата солидарност. Споделете во знак на поддршка.Телевизија Нова деновиве се соочува со незаконски притисок од страна на СЈО кој не може да се протолкува никако поинаку освен како обид за цензура

Пронајдете не на следниве мрежи: