Новиот филмски хит на Драган Бјелогрлиќ ни пристига во Cineplexx на 13 февруари!

Филмот за најпознатата фудбалска репрезентација во првата недела од прикажување го погледнаа преку 90 илјади луѓе! На наше особено задоволство ви го претставуваме филмот „Монтевидео, се гледаме!“ на режисерот Драган Бјелогрлиќ. Станува збор за продолжението на популарниот филм „Монтевидео, бог да те види“ од 2010 година кој во регионот стана голем кино хит и врз основа на кој е снимена истоимената телевизиска серија. Неговото продолжение ни доаѓа во киното Cineplexx од 13. февруари!   
Дејствието на филмот „Монтевидео, се гледаме!“ е фокусирано на играчите на југословенската фудбалска репрезентација кои во 1930 година пристигаат во познатиот град во Уругвај, каде ќе се оддржи Светското фудбалско првенство. Покрај самите натпревари кои ги одигра тогашната репрезентација за време на првенството, во филмот паралелно следиме и неколку интересни приказни (кои љубовни, кои национални, а кои и фудбалско-професионални).
Во филмот главните улоги ги толкуваат Милош Биковиќ, Петар Стругар, Бранко Џуриќ, Виктор Савиќ, Небојша Илиќ, Војин Четковиќ и Предраг Васиќ. Во една од споредните улоги се појавува и познатиот холивудски актер Арманд Асанте во улога на фудбалски менаџер. По големиот успех на филмот „Монтевидео, бог да те види“ подоцна се појавува и серијата. Во меѓувреме режисерот

Бјелогрлиќ во потполна тајност го снима и филмот „Монтевидео, се гледаме!“, а самата продукција е една од најскапите некогаш снимени на нашите простори.
 Трејлерот до филмот погледнете го на следниот ЛИНК 
  Повеќе информации за филмовите можете да најдете на нашата веб страна www.cineplexx.mk и на нашата facebook страна https://www.facebook.com/CineplexxMakedonija
 
 На наше особено задоволство ви го претставуваме филмот „Монтеви

Пронајдете не на следниве мрежи: