Volkswagen го претставува новиот Golf GTI на меѓународниот автомобилски саемво Женева. За прв пат достапен со две нивоа на моќност: со стандардните 220 КС или GTI изведба со 230 КС. Новиот Golf GTI е 18 проценти поекономичен со горивото во споредба со претходниот модел.
Volkswagen преку буквите “GTI” повеќе од три децении ги претставува динамичните перформанси на автомобилите. Традиционално под истото име, Volkswagen ја претставува најновата верзија на Golf GTI во Женева на меѓународниот автомобилски саем. За прв пат, легендарниот компактен спортски автомобил е достапен со две нивоа на моќност: со стандардните 220 КС или GTI изведба со 230 КС и диференцијал на предната оска. Новиот GTI е придвижуван од турбо бензински (TSI) мотор со директно вбризгување со 162 kW / 220 КС. За прв пат во историјата кај иконата на спортските автомобили, посебна GTI изведба ќе биде понудена. Кај оваа верзија, максималната моќност на моторот зголемена е до 169 kW / 230 КС. И двете GTI верзии имаат максимален вртежен момент од 350 Nm. Стандардниот GTI забрзува од 0 до 100 km / h за 6,5 секунди, а достигнува максимална брзина изнесува 246 км / ч. Помоќната верзија на Golf GTI достигнува максимална брзина од 250 км / ч и забрзува од 0 до 100 km / h за само 6.4 секунди.
Двете GTI верзии опремени се со стоп – старт систем и ги исполнуваат ЕУ-6 стандардите кои ќе стапат на сила во 2014 година – моделите имаат 6-степен менувач – а со тоа се постигнува ниско ниво на потрошувачката на гориво од само 6,0 л/100 км ( емисијата на CO2 изнесува 139 g / km). Тоа значи дека Golf GTI за 18 проценти е поекономичен во споредба со претходниот модел. Со опционалниот 6-степен DSG менувач, двете GTI варијанти трошат 6,4 односно 6,5 л/100 (тоа е еквивалентно на 148 односно 150 g / km CO2). Спортскиот карактер на Golf GTI се истакнува и со традиционално црвените сопирачки, двете хромирани издувни цевки и со спортската суспензија. Надворешноста на компактниот спортски автомобил има 17-инчени “Brooklyn” GTI тркала и гуми со димензии 225/45, возилото има и специјални прагови, дифузер и LED задни светла (вклучувајќи ги и LED светлата на регистарските таблички). Визуелните елементи во внатрешноста се врвни спортски седишта во тартан шема “Clark”, црн покрив и црвено амбиентално осветлување. Автомобилот има и други спортски GTI карактеристики како спортски управувач, GTI менувач, инструмент таблата, специјални ленти на праговите и педали од челик кој не р’ѓосува и одморалиште за левата нога.Volkswagen Golf GTI има оптимална комбинација на удобност и безбедност. Клиентите можат да изберат една од стандардните бои “Торнадо“ црвена, црна и ” Pure White”. (Чиста бела). Нарачките за новиот Golf GTI започнуваат од 5 март 2013 а почетната цена изнесува 28.350 €. Volkswagen го претставува новиот Golf GTI на меѓународниот автомобилски саемво Женева. За прв пат дос
Пронајдете не на следниве мрежи: