Подолго време кинеската компанија NextEV е во центарот на вниманието. Таа лансираше нова луксузна марка, чија прва творба е долго очекуваниот „супер автомобил со еден мегават моќност“. Електромобилот се вика Nio EP9 и моќноста му е еквивалентна на 1360 КС.Супер автомобилот е развиен во соработка со експертите на компанијата која соработува со тим во Формула 1. Иако тука станува збор за уличен модел, кабината му е изградена во согласност со сите барања за безбедност во категорија FIA LMP1.
Кинезите тврдат дека при 240 км/ч Nio EP9 генерира помалку сила отколку болид од Формула 1 – 2,5 тони. Машината може да издржи попречно и надолжно оптоварување од соодветно 2,53 G и 3,3 G.
Внатрешноста е изработена од карбон, а погонот се обезбедува од четири електромотори (по еден во секое тркало), кое користи струја од два литиум-јонски акумулатори. Тие можат да се наполнат за 45 минути, или целосно да се менуваат за осум минути. Гарантираат постигнување на брзина до 425 километри, но ако се земат в предвид моќноста и динамичките параметри, едвај некој ќе може да ги постигне.
Тежината на Nio EP9 е 1735 килограми (со околу 200 повеќе од LaFerrari и McLaren P1). Забрзувањето до 100 км/ч трае само 2,7 секунди, а максималната брзина е 312 км/ч. Овие параметри се навистина импресивни.
Од Nio EP9 ќе бидат произведени само 6 примероци. Цената уште не е објавена, но креаторите тврдат дека за создавање на една таква машина ќе бидат потрошени 1,2 милиони долари. Ако ова е точно, тогаш цената би била три пати повисока и тоа не би било изненадување.Супер автомобилот е развиен во соработка со експертите на компанијата која соработува со тим во Формула 1. Иако тука станува збор за уличен модел,