Платформата на Microsoft, Outlook.com постојано расте откако беше стартувана во 2012 година, а компанијата ја замислува како нешто многу повеќе од обичен и-мејл сервис.Тука е интегрираноста со друштвените мрежи и Skype, а сега преку официјалниот блог беше објавено дека доаѓаат и многу други можности. Корисниците на платформата постепено ќе добиваат можности за создавање на одредени правила за уште подобро организирање на функциите. Така на пример, ќе може да направите правило според кое пораките постари од неколку денови ќе бидат означувани како важни, под услов да се пратени од некој од вашите контакти.
Според Microsoft, просечниот корисник дневно прима по 28 нови пораки, па затоа е важно работите да бидат добро организирани за корисникот да не ги пропушти најважните пораки.
Друг новитет на платформата е undo опцијата која овозможува да се врати избришаната или преместената порака со Ctrl+Z командата. Благодарение на In-Line reply можноста, корисниците ќе можат побрзо да одговараат на пораките, без потреба од отворање на формата за нова порака, што ќе го олесни дискутирањето.
Дознајте повеќе на gsm.mkТука е интегрираноста со друштвените мрежи и Skype, а сега преку официјалниот блог беше објавено дека доаѓаат и многу други можности. Корисниц