Новиот Porsche Macan беше претставен на деветтото издание на модната недела

Порше Македонија ја прошири својата понуда и го претстави, истовремено со европската премиера, прекрасниот нов луксузен модел Porsche Macan за време на деветтото издание на модната недела, кое се одржа од 01 до 06 април 2014 во салонот на Порше Македонија, каде што македонските модни дизајнери ги прикажаа своите нови колекции за сезоната пролет лето.Macan е првиот претставник на Porsche во компактната класа на спортско корисни возила, кој поставува нови стандарди во полето на динамиката и на уживањето при возењето како на асфалтирани патишта така и на нерамен терен.  Неговото име потекнува од  индонезискиот збор Macan – што значи тигар, а моделот ги комбинира типичните карактеристики својствени за Porsche: максимално забрзување, брзо сопирање, огромна сила на моторот, екстремна агилност, прецизно управување и фасцинантен дизајн. Дотолку повеќе, сите овие карактеристики се надополнети со високо ниво на удобност и секојдневен комфор. Спортските гени на Macan, веднаш се препознаваат по дизајнот и спортската елеганција. Сите изведби на  Macan се произведени со најголема прецизност и со највисок квалитет, а тоа секогаш се очекува од Porsche.

 
Убавецот, со својот беспрекорен дизајн и надмоќен изглед го привлече вниманието буквално на сите присутни љубители на модата и дизајнот. За време на модната недела прекрасниот нов Porsche Macan  можеше да се види и во друштво на многу познати луѓе од модниот свет.
Брендот Porsche е светски лидер кој го движи напред дизајнот во автомобилската индустрија. Porsche е секогаш посакуван на сите модни случувања, а неговото присуството го зголемува значењето и им дава дополнителна вредност на манифестациите од овој тип.

Три Macan модели ја сочинуваат понудата при лансирањето на пазарот. 
1) Macan S  опремен со 3.0 литарски V6 biturbo мотор со 340 КС (250 kW), кој се одликува со активен погон на сите тркала со електронски контролирана мулти спојка. Со погонот на сите тркала опремени се сите Macan модели. Дополнително моделите се опремени и со седум брзински автоматски менувач, со кој силата се пренесува речиси без било каков прекин и овозможува возилото да забрза од 0 до 100 km / h за 5,4 секунди или 5,2 секунди со опционалниот Sport Chrono пакет. Возилото ја достигнува максималната брзина од 254 km/h, а потрошувачка на гориво изнесува 9,0 и 8,7 литри на 100 km (според NEDC *). Емисијата на  CO2 е меѓу 212 и 204 грама на километар.
2) Macan S Diesel  меѓу трите Macan модели е најекономичниот крстосувач на долги патеки. Со 3.0 литарски V6 турбо дизел мотор потрошувачката на гориво изнесува меѓу 6.3 и 6.1 литри/100 km, што одговара на 164 и 159 g/km емисија на СО2. Сепак, Macan S Diesel  забрзува од 0 до 100 km за само 6,3 секунди (или 6,1 секунди со вграден Sport Chrono пакет), моторот има 258 КС (190 kW) и ја постигнува максималната брзина од 230 km/h .
3)  Macan Turbo е најмоќното возило од семејството Macan а воедно и најмоќен модел во компактниот SUV сегмент. Со 3,6 литарски V6 biturbo мотор, овој Porsche модел има незаменлива моќност од 400 КС (294 kW) а  забрзува од 0 до 100 km / h за 4,8 секунди. Со Sport Chrono пакетот возилото забрзува до 100 km/h за 4,6 секунди. Иако максималната брзина е 266 km/h, кај Macan Turbo (според NEDC) потрошувачката на гориво е помеѓу 9,2 и 8,9 литри на 100 km, а емисијата на СО2 е меѓу  216 и 208 g/km.
Моделот е 4699 mm долг, 1923 mm широк и 1624mm висок, со овие димензии тој е 146 mm пократок, 16 мм потесен и 82 mm понизок од втората генерација на  Porsche Cayenne.
Опремата кај Macan e стандардно богатa, погон на сите тркала , PDK трансмисија со двојна спојка, мулти функционален спортски управувач со команди за менување брзини, големи тркала, електрична задна врата и аудио систем со високи перформанси. Листата на дополнителна специјална опрема е импресивна, тука е систем за воздушна суспензија, карактеристика која го прави возилото единствено во сегментот. Системот за насочување на вртежниот момент (PTV Porsche Torque Vectoring Plus), специјално направен за Macan. Овој систем дистрибуира различен вртежен момент на задните тркала и работи во спрега со блокадата на диференцијалот на задната оска. Листата на Porsche дополнителна опрема го вклучува и светлосниот систем со висок сјај како дел од Porsche Dynamic Light System Plus (PDLS+ системот), кој континуирано ги прилагодува предните светла зависно од условите во сообраќајотMacan е првиот претставник на Porsche во компактната класа на спортско корисни возила, кој поставува нови стандарди во полето на динамиката и на уж

Пронајдете не на следниве мрежи: