> Новиот предводник на Škoda отсега достапен е со специјално развиен систем за озвучување од брендот CANTON
> Аудио системот доаѓа стандардно со Laurin & Klement нивото на опрема; а како опција може да се нарача за Superb со „Ambition” и „Style“ ниво на опрема
> Дванаесет звучници со Surround Sound, вклучувајќи и сабвуфер кој е поставен во багажниот простор
> ŠKODA, го започна партнерството со германскиот производителот во 2013 година.Музика за вашите уши: Новиот ŠKODA Superb е трансформиран во концертната сала на четири тркала благодарение на исклучително квалитетниот „CANTON“ аудио систем. Дванаесет звучници, дополнети со засилувач монтиран под седиштето на возачот, обезбедуваат фасцинантно аудио искуство во новиот знаменосец на брендот.
Аудио системот кој е развиен од страна на познатиот производител „CANTON“ обезбедува уникатен звук во новиот Škoda Superb. Системот нуди импресивна излезна моќност од 610 вати – најдобар помеѓу директните конкуренти во сегментот.
Со партнерството кое започна во 2013 година, ŠKODA е единствен производител на автомобили кој соработува со германскиот специјалист „CANTON“, и обезбеди врвен аудио квалитет во своите автомобили. Резултатот од ексклузивното партнерство беа повеќето награди за аудио системот кој веќе се поставува во актуелната ŠKODA Octavia.
Вкупно дванаесет звучници кај новиот Škoda Superb создаваат целосно избалансиран звук. Десет звучници се наоѓаат во вратите (во предните врати поставени се звучници кои произведуваат високи, средни и ниски тонови, а во задните врати звучниците произведуваат високи и средни тонови). Централниот звучник е поставен во инструмент таблата , а големиот сабвуфер, со излезна моќ од 2 x 100-вати, сместен е во багажниот простор.
Компонентите се контролираат од страна на DSP засилувачот кој има 12-канали, инсталиран под седиштето на возачот. Кратенката DSP се однесува на дигитални сигнални процесори, со кој звукот на секој звучник може да се прилагодува соодветно на неговата акустична средина.
Избалансираниот Surround Sound се создава преку хармонична интеракција на сите компоненти. Прецизно поставен во внатрешноста на ŠKODA Superb, системот плени со своите складни басови, природни средни тонови и јасни високи тонови. Еквилајзерот, кој има четири различни опции на прилагодување, овозможува совршен тон, без разлика дали слушате музика, зборувате на телефон или ги слушате кристално јасните инструкции на навигацијата.
Со аудио искуството кое го нуди CANTON се нагласуваат врвните перформанси на новиот Škoda Superb како во однос на информативно забавниот систем така и во однос на поврзувањето на автомобилот. Знаменосецот на Škoda нуди четири комплетно нови информативно забавни системи кои се направени врз база на најновата MIB технологија на групацијата Volkswagen. Покрај тоа, новиот Škoda Superb поставува нови стандарди во поврзувањето на автомобилот со паметни телефони и таблети како и во поврзувањето со интернет. Дополнително со системот за супер брз интернет (LTE), новиот Škoda Superb е првиот автомобил на ŠKODA со пристапно место за безжичен интернет во комбинација со Superb системот „Колумбо“.Музика за вашите уши: Новиот ŠKODA Superb е трансформиран во концертната сала на четири тркала благодарение на исклучително квалитетниот &bd