GSX-R1000 е како вистински самурај: му служи верно на својот господар. Тоа трае веќе цели 30 години, во кои се реализирани над милион продажби.Долговечноста е присутна повеќе кај автомобилите, но од појавата на платформата GSX-R изминаа веќе 30 години, во кои Suzuki успеа да произведе над 1 000 000 мотоцикли.
Тоа е повеќе од достојно за почит. И по тој повод, компанијата го претстави силно обновениот GSX-R1000, факт кој доаѓа паралелно со подемот на Suzuki во MotoGP.
Шестата генерација на GSX-R 2017 е „најмоќно досега, со најбрзо забрзување и најеколошкото GSX-R досега“.
Новиот мотор генерира 199 КС кај 13 200 врт. / мин, а вртежниот момент од 116 њутнметри доаѓа кај 10 000 врт. / мин.
Вграден е и подобрен систем за намалување на потрошувачката. Како што може да се очекува, новиот GSX-R е преполн со електронски системи, почнувајќи со Inertial Measurement Unit (IMU), која контролира 10 нивоа на тракција, има и контрола на мотор и ABS.
Потоа има Drive Mode Selector, кој му овозможува на возачот да менува помеѓу различни менија на моторот, да ги менува карактеристиките на распоредување на моќноста. Како помош на мотоциклетистите доаѓа новиот систем за брзо менување на брзини (без спојка), како и контролен систем за лансирање.
Новиот LCD панел покажува повеќето од параметрите на моторот. За шасијата се вели дека е целосно нова и лесна за 3 килограми во однос на претходните модели.
Задното монтирање под рамката е олеснато со килограм. Моделот доаѓа во две верзии, GSX-R1000 е опремен со вилушка Showa Big Piston, додека GSX-R1000R се потпира на Balance Free.
Вториот има и Showa BFRC (Balance Free Rear Cushion Lite) амортизер позади, за кој се тврди дека му дава на мотоциклетистот подобар осет за возење по пат. Стандардно се нудат LED светла, задни светла и трепкачи, а иконскиот комплетен дизајн на GSX-R е зачуван и оптимизиран. Шемата на бои е пренесена од претходниот модел.Долговечноста е присутна повеќе кај автомобилите, но од појавата на платформата GSX-R изминаа веќе 30 години, во кои Suzuki успеа да произведе над