Втор јавен состанок на Агенцијата за електронски комуникации26.12.2013, Скопје. Во просториите на Агенцијата за електронски комуникации се одржа вториот јавен состанок за 2013 година. Главна тема на состанокот беа идните генерации на комуникациски мрежи како и можностите и поволностите кои тие ги нудат за корисниците и за операторите.
Состанокот го отвори директорот на АЕК, Г-дин Роберт Орданоски по што Г-дин Владимир Ристевски, Советник за анализа на пазари во АЕК, ја претстави ситуацијата на пазарите на електронски комуникации и планираните проекти на Агенцијата за 2014 година. Во продолжение се одржаа две панел дискусии во врска со инвестициите во пазарите за електронски комуникации и влијанието на регулативата врз инвестициите.
Главен акцент на состанокот беше ставен на поттикнувањето на иновациите и инвестициите во следната генерација на комуникациски мрежи кои треба да се појават во годините што следат, кои на корисниците ќе им овозможат поквалитетни, побрзи услуги и сосема нови комуникациски искуства, додека за компаниите тоа ќе значи побрзи процеси, развој на нови напредни апликации, нови можности во секојдневното работење, намалување на трошоците итн. Веќе е направен чекор кон тоа со воведувањето на 4G мрежа во Македонија и целосна дигитализација на терестријалниот сигнал.
На состанокот присуствуваа претставници на АЕК, Министерството за информатичко општество и администрација, како и оператори на електронски комуникациски услуги и инвеститори.
Агенцијата за електронски комуникации како дел од своето транспарентно работење, секоја година одржува два јавни состаноци со цел да им овозможи на сите засегнати страни да се запознаат со работата на Агенцијата, стратегијата, плановите и активностите што следат, како и да им даде можност преку учеството во дискусиите активно да учествуваат во креирањето на идните чекори кои ги превзема АЕК за да обезбеди подостапни и поквалитетни услуги на пазарот на електронски комуникации.26.12.2013, Скопје. Во просториите на Агенцијата за електронски комуникации се одржа вториот јавен состанок за 2013 година. Главна тема на состанок