Еврото на меѓународните пазари на валути во четвртокот го забележа најниското ниво во однос на доларот во последните шест месеци, а значително ослаби и во однос на јенот, што е резултат на најновите показатели кои укажуваат на повторен пад на еврозоната во обидите да излезе од рецесијата.Во таквата атмосфера на кои реагираа валутните пазари, единствената европска валута во однос на американскиот долар ослаби за околу 0,8 отсто, на 1,3176 долари, што е нејзиното најниско ниво од 10-ти јануари. Потоа во текот на тргувањето еврото се стабилизраше на квотата од 1,3201 долар, што значи дека бил во загуба од 0,6 отсто во однос на затворањето на тргувањето во средата. Така европската валута се држи забележително под највисокото ниво во последните 15 месеци од 1,3711 долари, на кое се качи на 1-ви февруари.Еврото ослаби уште повеќе и во однос на јапонскиот јен, од 1,5 проценти, на 122.25 јени, што е неговото најниско ниво од крајот на јануари.Доларот, пак, во однос на јенот ослаби за речиси 0,4 проценти, па со него во четвртокот се тргуваше по 93,19 јени.Притисоците врз четвртокот во четвртокот зајакнаа по објавувањето на внимателно следениот извештај на лондонската компанија „Markit“ кој покажа натамошно паѓање на активностите во приватниот сектор во целата еврозона. Последните показатели укажуваат на ново паѓање на еврозоната на патот да излезе од рецесија, па инвеститорите повторно шпекулираа со можните натамошни намалувања на каматните стапки следните месеци.Курсот на еврото во однос на американскиот долар беше притиснат и од најновите забелешки од последниот состанок на челниците на американската централна банка Federal Reserve (Fed) кои покажаа дека повеќето учесници на состанокот искажале загриженост во врска со ризикот коишто со себе го носат континуираните купувања на имоти.Очекувањата дека Fed би можела да ги укине монетарните поттикнувања, исто така, помогнаа да зајакне курсот на доларот и во однос на другите важни светски валути, вклучувајќи ги и швајцарскиот франк и австралискиот долар.Од поголемите купувања на единствената европска валута, инвеститорите, пак, се чуваа понастрана и поради подолго време присутната неизвесност за исходот од италијанските парламентарни избори коишто треба да се одржат на 24-ти и 25-ти февруари.„Белешките од последниот состанок на Советот за операции и отворениот пазар (FOMC) при американската централна банка Fed, во четвртокот беа клучните фактори за инвеститорите, а повод за продажбите ба еврото беше разочарувачкиот извештај на лондонски Markit. Инвеститорите се повнимателни и поради италијанските избори“, коментираше за Reuters Мајкл Снејд, валутен стратег во банката „ BNP Paribas“.
МакфаксЕврото на меѓународните пазари на валути во четвртокот го забележа најниското ниво во однос на доларот во последните ш