Со мерките кои денес ги промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат решени низа проблеми со кои се соочуваше македонскиот спорт.За добро упатените нема дилеми, дека новиот сет мерки ќе биде нешто од кое корист ќе имаат повеќе страни.
-Она што досега беше проблем од аспект на финансирање на спортските федерации или клубовите, сигурно дека со овој сет мерки ќе биде решен. Тоа е проблем кој наназад се проткајува повеќе години. Ќе создаде интерес кај компаниите кои досега за жал не пројавуваа интерес за вложување во спортот, рече Илчо Ѓорѓиоски претседател на ФФМ.
„Инвестицијата во спортот е инвестиција во младите, во јакнењето на спортскиот дух, во здравиот живот, инвестиција во иднината на една држава, во промоција на државата, но и во достоинството и колективната радост, особено во моментите кога се постигнуваат значајни резултати, кога се преставува државата. Вложувањето во спортот е една од суштинските определби на ВМРО-ДПМНЕ. За да има развој на спортот клучни се две компоненти: постоењето, или изградба и одржување на спортската инфраструктура, и поддршката на развојот на спортските таленти, клубовите, федерациите, спортските школи и академии, меѓународни настапи, поддршка на врвните спортисти и нивно негување и растење“.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој денеска објави 4 мерки од областа на спортот.
Првата мерка предвидува приредувачите на игри на среќа во обложувалниците на месечна основа да одвојуваат 3 проценти од добивката, а приредувачите на игри на среќа во автомат клуб да одвојуваат 1,5 проценти од добивката за финансирање на спортски федерации чии диспциплини се олимписки, како и за Македонскиот олимписки комитет.
Со втората мерка се предвидува компаниите коишто ќе финансираат спортски клубови, федерации и спортисти да бидат ослободени од дел од данокот на добивка.
Третата мерка предвидува директно буџетско финансирање на спортови кои немаат своја лига. За оваа цел ќе бидат одвојувани до 700 илјади евра годишно. Првиот спорт кој ќе биде поддржан е боксот, а се размислува каратето за мажи и жени да биде вториот спорт којшто ќе биде поддржан.
Со последната мерка се очекува да бидат ангажирани врвни спортски тренери од странство во спортските академии кои ќе помогнат во градењето на новите фудбалери, кошаркари, ракометари, тенисери….За добро упатените нема дилеми, дека новиот сет мерки ќе биде нешто од кое корист ќе имаат повеќе страни.
-Она што досега беше проблем од а