Познатиот сајт за возрасни, „Порнхаб“, кој дневно го посетуваат милиони луѓе, одлучи искуството со филмовите за возрасни да им го понуди и на слепите лица!Овој сајт најави дека ќе лансира „опишано видео“, односно серија снимки кои содржат аудио описи на дејството во порно филмовите.
„Снимката почнува со латино девојка, со долга руса коса, која на стомак лежи на маса за масажа, немајќи ништо на себе повеќе од мал пешкир кој ѝ ги покрива гениталиите“ – вака отприлика ќе звучат порно филмовите за слепи лица, најавија од порталот.
Описните порно филмови се во принцип на аудио-книга, со професионален наратор, но ќе содржат и оргинални звуци на стенкање, како и воздишки кои настануваат при секс.
Првата серија ќе ја сочинува колекција од 50-те најпопуларни снимки од овој сајт.
„Се надеваме дека со оваа програма ќе ги отвориме вратите и ќе ги инспирираме членовите на нашата заедница и партнерите, како и останатите платформи, за да можат и останатите категории луѓе да уживаат во нашите содржини“ – изјавил потпреседателот на компанијата Кори Прајс.Овој сајт најави дека ќе лансира „опишано видео“, односно серија снимки кои содржат аудио описи на дејството во порно филмовите.