Влегуваме во ера во која би можело да се подобри памтењето со неколку мали потези на мозокот.Неколку десетици луѓе кои добиле импланти на мозокот, чија цел е центарот за меморија, постигнале подобри резултати на тестовите за памтење. Ова го објави ДАРПА – Агенција за напредни истражувања на Министерството за одбрана на САД, на минатонеделната конференција што се одржа во Сент Луис.
Овие импланти еден ден би можеле да бидат користени за враќање на памтењето кај луѓето кои преживеале повреда на мозокот или други невролошки проблеми, изјавиле претставници на агенцијата.
„Како што се подобрува технологијата на овие импланти, така и учиме сѐ повеќе за тоа како да се стимулира мозокот. Попрецизно кажано, да постигнеме најдобри можни терапевтски ефекти. Верувам дека ќе постигнеме соодветен капацитет за да им помогнеме на ранетите војници и на останатите луѓе кои боледуваат од невролошки проблеми“ – изјавил Џастин Санчез кој е менаџер на програмата.
Целта на истражувањето е да се врати активната меморија (РАМ-от), но и на научниците да им се овозможи да ги прочитаат и интерпретираат мозочните активности при создавањето и враќањето на памтењето, како и предвидување кога одредена личност би имала некакво погрешно сеќавање. Тогаш електродите можат да се искористат за изведба на електрошокови врз одредена група мозочни клетки кои ја складираат меморијата и да ги направи полесно достапни, тврди ДАРПА.
Тим научници од Универзитетот во јужна Калифорнија, кои не се дел од ДАРПА, исто така веќе неколку години работат на развојот на импланти за мозокот со кое се обидуваат кај стаорците и другите животни да им го подобрат памтењето, но ова е прв пат ваква технлогија да се проба на луѓе.
Луѓето кои примиле импланти го направиле тоа на волонтерска основа, а тие биле вградени за време на невролошки операции.
ДАРП сѐ уште не сака да ги открие сите детали од истражувањето, додека тоа не биде службено објавено во некое научно списание, пишува Бизнис Инсајдер.Неколку десетици луѓе кои добиле импланти на мозокот, чија цел е центарот за меморија, постигнале подобри резултати на тестовите за памтење. Ова го