Пекабеско ја прошири својата палета на производи. Од неодамна на пазарот можат да се најде јогурт под брендот ПекабелаЈогурт со 2,8% млечни масти и јогурт со 0,5% млечни масти се дел од новата палета на производи на Пекабеско.
Од компанијата велат дека на ваков чекор се одлучиле следејќи ги потребите на пазарот и вкусот на потрошувачите.
„Пекабеско е компанија со 42 годишна традиција. По повеќегодишни истражувања на пазарот, минатиот месец започнавме со продажба на нови млечни производи. Нашата компанија ги следи потребите и навиките на потрошувачите и секогаш сме подготвени да пласираме производи со одличен квалитет, а истовремено со достапни цени“, велат од Пекабеско.
Од компанијата најавуваат дека тековно се работи на отворање на нови линии во делот на редовното производство, а уште нови производи набргу ќе се најдат на домашниот и регионалните пазари.
Покрај овие два типа на јогурти, Пекабеско ја зголеми својата Пекабела линија и со две млека со 3,2 и 1,6% млечни масти, како и растителен крем Кремабела.
Павлаката Пекабела, заедно со кашкавалот Ирко, остануваат на пазарот како едни од најпродаваните Пекабеско производи.Јогурт со 2,8% млечни масти и јогурт со 0,5% млечни масти се дел од новата палета на производи на Пекабеско.
Од компанијата велат дека на в