Седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и денеска беше одложена поради неприсуството на специјалната обвинителка Катица Јанева. На дневен ред на Комисијата е Извештајот на Специјалното обвинителство.Претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев, рече дека добил известување од Јанева дека таа нема да го образложи Извештајот за шестмесечната работа пред пратениците и оти поради тоа не се создадени деловнички услови за работа на Комисијата. Поради тоа седницата е одложена за утре.
Ова е трето одложување на Комисијата за политички систем. Мнозинството пратеници очекува Јанева да дојде и да го образложи пред нив Извештајот, додека опозицијата смета дека таа не мора да го образложи Извештајот пред парламентарците.
Опозициските пратеници и денеска реагираа гласно посочувајќи дека Јанева нема обврска до го образложи Извештајот за работата на специјалното обвинителство пред пратениците.Претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев, рече дека добил известување од Јанева дека таа нема да го образложи Извештајот за шестмесечната работа п