Ново предупредување до ЕУ испрати грчкиот министер за одбрана Панос Каменос , со акцент дека дека Грција нема да може да ги контролира границите поради постојаните напори за дестабилизација на Владата во Атина од европски високи претставници.Во интервју за Тајмс тој нагласува за „упорните“ потези на европски високи претставници да предизвикаат пукнатини во владината коалиција. Тој ги оквалификува тие акции како „грубо мешање во внатрешните работи на Грција“.
– Ако Грција излезе од еврозоната и ЕУ тогаш ќе бидат изложени на ризик многу повеќе нешта отколку економската стабилност и еврото, предупреди грчкиот министер за одбрана.
Панос Каменос до сега имал неколку такви изјави во почетокот на март кога ги предупреди кредиторите дека ако држат тврда линија спрема Грција тогаш „државата ќе им даде документи на имигрантите за да стигнат до Берлин“.
За британски Тајмс тој вели дека Берлин и Брисел и се заканувале на Грција со напори да ја доведат државата до „целосна економска капитулација“.
– Ако Грција биде натерана да излезе од еврозоната тогаш бранот имигранти без документи ќе минат низ Грција за да се упатат кон срцето на Европа, потенцирал Каменос.Во интервју за Тајмс тој нагласува за „упорните“ потези на европски високи претставници да предизвикаат пукнатини во владината коалициј