Ново соопштение од Кривичен суд

Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска соопшти дека донел решенија за сите предлози за определување мерки поднесени од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), освен за последните два обвинителни акти кои пристигнаа синоќа.1. Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 18/17 во јавноста познат како „Тарифа“ за определување мерки за претпазливост против Д.Б., М.С. и Н.Ѓ., се уважуваат и на обвинетите им се определуваат мерки за претпазливост. Обвинетите имаат обврска секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот, привремено им е одземена патната исправа и издадена е забрана за издавање нова патна исправа.
2.Предлогот кој е дел од предметот КОК ООА бр. 19/17 во јавноста познат како „Трезор“ за определување мерки за претпазливост против Н.С., делумно се уважува и на обвинетиот му се определуваат мерки запретпазлиовст и тоа привремено одземање на службена патна исправа и забрана за издавање на нова службена патна исправа, и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.
3.Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 21/17 во јавноста познат како „Титаник 2“ за определување мерки за претпазливост против М.Т., Б.И., С.С., Б.Н.П, Б.А., А.Џ. и Г.Ф., се одбиваат како неосновани, соопшти Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
4.Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 22/17 во јавноста познат како „Топлик“ за определување мерки за претпазливост против Т.Ѓ., Д.Д., М.Т., Д.Г. и В.Т., се уважуваат и на обвинетите им се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и привремено одзмање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.
5.Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 23/17 во јавноста познат како „Тендери“ за определување мерка притвор против Е.К.М. и Л.Л.Ц., се одбиваат како неосновани. По службена должност им се определуваат мерки за претпазливост и тоа обврска обвинетите секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и привремено одзмање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа. Додека предлогот за определување мерки за претпазливост против Ј.У. и тоа обврската обвинетиот секој работен понеделник да се јавува кај надлежно службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа, се уважува.
6.Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 24/17 во јавноста познат како „ТНТ“ за определување мерки за претпазливост против А.Д.А, Е.Н., Н.Р. и М.З., се уважуваат и на обвинетите им се опредлуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен вторник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа. Предлогот за определување мерка притвор против Т.Т., се одбива како неоснова, а по повод предлогот по службена должност му се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот секој работен вторник да се јавува кај надлежно службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.
7.Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 25/17 во јавноста познат како „Траекторија“, за определување мерка притвор против В.П., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот секој работен вторник да се јавува кај надлежно службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа. Предлогот за определување на мерки за претпазливост против Љ.Г., се уважува и му се определуваат веќе наведените мерки за претпазливост.
8.Предлогот кој е дел од предметот КОК ООА бр.26/17 за определување мерка притвор против Ѓ.П., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му се опредлуваат мерки за претпазливост – обврска обвинетиот секоја работна среда да се јавува кај надлежно службено лице во судот, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и привремено одземање на службена патна исправа и забрана за издавање на нова.
– Што се однесува до преостанатите предлози кои до судот беа доставени доцна синоќа по донесување на одлуките, нивна писмена изработка и достава до странките во постапката, јавноста ќе биде навремено известена, стои во соопштението од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.1. Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 18/17 во јавноста познат како „Тарифа“ за определување мерки за претпазливост пр

Пронајдете не на следниве мрежи: