Во радовишкото село Покрајчево денеска свечено беше пуштена во употреба новата училишна зграда на подрачното општинско основно училиште „Орце Николов“, каде настава посетуваат 21 ученик.Изградено е на 134 квадратни метри и има три училници и санитарни јазли. Инвестицијата е вредна 4.700.000 денари.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека пред девет месеци на тоа место беше поставен камен-темелникот за изградба на новата училишна зграда, а веќе денеска, како што рече, се отвора современ објект во кој учениците ги имаат сите услови за нормално одвивање на редовната настава.
– Ако пред некој ден отворавме училиште за 500 или 600 ученици во населбата Кисела Вода во Скопје, денеска отвораме училиште за 21 ученик во село Покрајчево, што за нас е основна интенција и начин да ги поддржиме општините и да ги поддржиме помалите населени места преку изградба на што поголем број училишта. Ова е само потврда дека како Влада продолжуваме да инвестираме секаде и во соработка со општините, каде што навистина имаме потреба да ги задржиме нашите граѓани во своите родни места, рече Ристовски.
Тој истакна дека како министерство се задоволни од соработката со Општина Радовиш, бидејќи ова е четврто училиште, односно капитален објект, што се пушта во употреба.
– Истовремено, како Влада имаме инвестирано во комплетна изградба на нова спортска сала во рамки на проектот за изградба на 145 спортски сали. Како Влада и како Министерство ќе продолжиме со поддршка на општина Радовиш, додаде Ристовски.
Градоначалникот на Радовиш Сашко Николов истакна дека е задоволен од поддршката која ја добиваат од Владата и од Министерството за образование и наука бидејќи, како што рече, од темел се изградени четири училишта, како и нова спортска сала во ООУ „Крсте Петков Мисирков“.
– Имаме и изградба на мултифункционални терени во рамки на ООУ „Никола Карев“ и гимназијата во Општина Радовиш и навистина немаме сегмент од образовниот систем каде што можеме да кажеме дека ни е слаба алка или недостаток. Нам ни останува само ова понатаму да го надградуваме и да го сочуваме, рече Николов.Изградено е на 134 квадратни метри и има три училници и санитарни јазли. Инвестицијата е вредна 4.700.000 денари.
Заменик-министерот за обр