Новото видео од Сирија, кое се појави на интернет вознемири поголем дел од јавноста. Хјуман рајтс воч објави извештај во кој детално го опишува масакрот над цивили за кој се обвинува сирискиот режим во градовите Ал Баиди и Баинасу извршен во мај годинава.
Според тврдењата на организацијата, силите на претседателот Башар ал Асад убиле 248 луѓе, меѓу кои голем број жени и деца.
Извештајот со наслов „Никој не остана“ ги темели тврдењата на сведоштва на дваесетина преживеани очевидци во двата разурнати градови кои раскажуваат како биле убивани цели семејства вклучувајќи и мали деца, а се случувале и масовни егзекуции во кои жените безуспешно се обидувале да ги заштитат децата со своите тела.
Хјуман рајтс воч објави извештај во кој детално го опишува масакрот над цивили за кој се обвинува сирискиот режим во градовите Ал Баиди и Баинасу и