Првиот човек на МОСТ Дарко Алексов со нова задача од Зоран Заев. Овој пат потребно е да се смисли нова причина, која ќе служи како алиби за бегство од изборите.Имено, Алексов на денешната прес-конференција побара од граѓаните да пријават доколку воочат недоследности во избирачкиот список со цел истите, како што цели тој, да се отстранат.
Останува нејасно зошто Алексов излегува со вакво барање, кое е налик барањата и повиците на лидерот на СДСМ, Заев, токму оваа година. Истиот избирачки список се користи десетици години наназад и со него досега се одржале многу парламентарни, локални и претседателски избори. Алексов ниту еднаш досега немаше ништо против избирачкиот список на пример во 2005-та година за локалните избори, во 2006-та или пак во 2002-та година кога на парламентарни избори победи СДСМ.
Поизвесно е дека Алексов ја исполнува партиската агенда на Заев, сѐ со цел бегство од изборите. Дека за одработка на агендата е финансиски наградуван, пишуваа медиумите, кои открија дека во деловодните книги на МОСТ може да видат 4 милиони евра свртени за неколку години.
Медиумите пишуваа и дека Алексов заедно со уште неколку членови од семејството изградиле две згради во скопско Бардовци. Двете згради со по два влеза на вкупна површина од 1462 м2, со станови од по 90, 90 м2 кои се продаваат за илјадници евра.
Минатиот месец медиумите пишуваа дека по објавувањето на овие информации во јавноста, Алексов во паника барал начин да го префрли стекнатиот имот за што интензивно имал средби со адвокати блиски до СДСМ, што пак укажува дека станува збор за матни зделки и бизниси.
Извор: КурирИмено, Алексов на денешната прес-конференција побара од граѓаните да пријават доколку воочат недоследности во избирачкиот список со цел истите, как