Градоначалникот на Теарце ги објави следниве фотографии на неговиот фејсбук профил денеска. Двоглав орел комбиниран со актуелното знаме на Македонија со неколку направени промени е знамето дизајнирано од американски мировник од Мировниот корпус во Македонија. Кони Андерсон кој две години работел во таа општина, посакал да ни направи ново знаме. И во духот на соработката истото го пласираше „сосема случајно“ денеска и со тоа се предизвика повеќе од бура во државата. Но, ако се знае планот ова не треба да не изненади. Имено нашата држава забрзано го менува својот лик… Останете така…
