Празнична атмосфера за сите посетители во следните неколку денаЗа најубавите и највеселите празници во годината Веро-центарот подготвува програма која ќе ги анимира потрошувачите во периодот од 27 до 29 декември.
На 27 декемвири со почеток во 18 часот најавен е голем новогодишен концерт со најзвучните имиња на македонското музичко небо; преубавата Дани Димитровска, музичкатa икона Бени Шакири, егзотичната Кристина Арнаудова и шармантните Eye Cue.
Попладневните часови во Веро-центарот ќе бидат резервирани за анимирање на децата со организирање на кретивни работилници каде ќе можат да ги научат вештините на изработка на фигури од балони, потоа промоција на книги од „Просветно дело“ со кои ќе ги збогатите празниците и ќе поминете убави мигови со добра книга.
„Потрошувачите веќе знаат дека Веро-центарот ја нуди најраскошната празнична атмосфера и е најзабавното место за пазарување, особено за празниците. Но потрошувачите исто така знаат дека на нашите забави, настани и концерти секогаш ја имаа онаа неверојатна магија и енергија што долго се памети, затоа и за оваа Нова година посакавме да им припредиме незаборавни моменти, особено на најмладите, бидејќи веруваме дека тие најмногу се радуваат на магијата на новогодишните празници“, изјави Г-дин Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро.
Како што вели организаторот, цената на влезницата е една голема насмевка.За најубавите и највеселите празници во годината Веро-центарот подготвува програма која ќе ги анимира потрошувачите во периодот од 27 до 29 декемвр