Со „Пазари, Греби, Добиј!“ до уникатниот Citroen C3 Aircross! Рамстор мол ги започна новогодишните награди на 24. ноември со „Пазари, Греби, Добиј!“ и сега ја надополнува новогодишната еуфорија со бројни изненадувања.
Во центарот повторно во соработка со Црвен крст на Град Скопје се постави Волшебната новогодишна елка која е украсена од скромните желби на децата сместени во згрижувачки семејства. Рамстор мол ги повикува сите да ги прочитаат пораките на малите и да им ги исполнат новогодишните желби.
Од наградната игра „Пазари, Греби, Добиј!“ остануваат уште 29 дена, 7 таблети, 65 електрични апарати и уникатниот Citroen C3 Aircross. Посетителите треба да побрзаат и со сметка од над 1.000 денари ќе добијат грепка за една од останатите 71 награди, додека не-добитните грепки ќе влезат во финалното извлекување на Citroen C3 Aircross кое ќе се одржи на 16. јануари 2018 година. Наградната игра завршува на 15. јануари 2018 година.
Како надополнување на новогодишната еуфорија, во Рамстор мол од 20. до 24. декември 2017 година има попусти до -50% и во соработка со Занаетчиската комора на Република Македонија ќе го организира еден од најубавите новогодишни базари на рачни ракотворби.
Мал поглед во прекрасните новогодишни украси во Рамстор мол:
Рамстор мол ги започна новогодишните награди на 24. ноември со „Пазари, Греби, Добиј!“ и сега ја надополнува новогодишната еу