Новогодишни верувања и суеверија

Суеверија и верувања за пронаоѓање на вистинската љубов, за поголема среќа…
Дали суеверијата носат среќа или несреќа? На прагот пред годината што ни доаѓа споделуваме со вас дел од нив.Суеверија и верувања за пронаоѓање на вистинската љубов, за поголема среќа… Дали суеверијата носат среќа или несреќа? На прагот пред годината што ни доаѓа споделуваме, со вас, дел од нив..
Бакнете се на полноќ
Постои верување дека ако се бакнете точно на полноќ на Нова година, целата година ќе ви биде исполнета со љубов и топлина.

 
Немојте да плачете
Во првиот ден од Новата година избегнете го плачењето и кршењето на предмети ако не сакате целата година да ви помине на ист или сличен начин
Нова гардероба
Луѓето веруваат дека ако носат нова гардероба на денот на Нова година, ќе добијат многу нова гардероба во годината која ја пречекуваат. Особено практикуваат да  облечат барем нешто во црвена боја, бидејќи црвената боја се смета за среќна боја.

Старата година треба да си замине
Кога стрелките од часовникот ќе се спојат, отворете ги сите врати од домот за старата година да може непречено да си замине и со себе да ги однесе сите лоши нешта.
 
 Суеверија и верувања за пронаоѓање на вистинската љубов, за поголема среќа… Дали суеверијата носат среќа или несреќа? На прагот пред годината што

Пронајдете не на следниве мрежи: