НСА и ФБИ имаат пристап до серверите на Google и Facebook

НСА – Националната агенција за безбедност на САД и ФБИ имаат достап до серверите на девет американски интернет гиганти, меѓу кои се Microsoft, Yahoo, Google и Facebook, каде ги следат активностите на странски државјани, открија весниците „Вашингтон пост“ и „Гардиан“, цитирани од светските агенции.
Поранешниот службеник на разузнавањето се поврзал со весникот „Вашингтон пост“, кој им дал документи, вклучувајќи и слајд презентација за обуката во која се опишува партнерството меѓу НСА и интернет компаниите.
Тајната програма, со кодно име PRISM, е активна од 2007 година и на НСА и дозволува преку свој портал да се логира на серверите на компаниите, за да собира информации за корисниците за кои има „разумни наводи“ да смета дека се странци.
Во САД законот ги штити американските државјани од следење без судска наредба, но лицата надвор од територијата на земјата не располагаат со ваква заштита и може да бидат шпионирани сосема законски, забележуваат француските медиуми.
Според „Вашингтон пост“, аналитичарите кои го користат системот преку интернет портал во воената база Форт Мид, во близина на Вашингтон, треба да користат клучни зборови во пребарувачот за да има веројатност од над 51 процент дека следеното лице е странец.
Во системот, според медиумите, исто така учествуваат и Skype, EOL,Youtube, Apple и PalTalk.
Според „Гардиан“, НСА може да разгледува „мејлови, аудио и видео четови, видеоматеријали, снимки, чeтови на Skype, префрлања на фајлови, податоци од социјални мрежи и друго“.
Комуникациите преку Skype може да се следат директно.
Google, Apple, Facebook и Yahoo излегоа со одделни соопштенија во кои уверуваат дека на разузнавачките агенции не им давале директен достап до своите системи и дека на властите на САД им даваат податоци само во согласност со законот, а секое барање внимателно се проучува.
Џејмс Клапер, шефот на разузнавањето на САД, изјави дека законот, што на американските владини агенции им дозволува да собираат информации за комуникации во интернет компаниите дозволува тоа да се прави единствено за лица, кои не се граѓани на САД и се наоѓаат надвор од територијата на САД, пренесоа светските агенции.
Клапер во одговор на написите во весниците „Вашингтон пост“ и „Гардиан“, изјави дека овие статии содржат „мноштво неточности“ и пропуштаат клучни информации, но не појасни што има во предвид кога ова го зборува.НСА – Националната агенција за безбедност на САД и ФБИ имаат достап до серверите на девет американски интернет гиганти

Пронајдете не на следниве мрежи: